пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
На ниту една нација, никогаш, не и биле понудени две така различни превозни средства за пат во иднината: Мерцедес ГЛС Мајбах и запрега од неколку магариња, еден Флик, една Лигња и едно муле.
И, нормално, ниту една не го имаше одбрано Мајбахот со два поени разлика (помалку од два процента), се до појавата на новата суицидална мутација на Македонците, кои, со крајни напори, успеаја да сфатат, дека Мерцедесот е, сепак, подобра опција, од магарето.
И до појавата на подврстата хомо дерковиус и групата хакер бенд.
Целата историја на оваа проколната нација е историја на малите разлики меѓу големите значења!
Во очите и во главите на луѓето.
Понекогаш, и на големите разлики на малите значења.
Во немоќта да се препознаат разликите и нивното влијание врз животот на луѓето.
И, уште повеќе, врз историските поместувања од кои зависат животите на луѓето.
Меѓу слободата и имитацијата.
Меѓу да се биде се и да се биде ништо.
Нула.
На нацијата на која малку и беше антифашизмот па реши да се повтемелува малку или малку повеќе во вмро како во сопствената смрт и да се зурлоса со балони на образите.
Како тајфите на ратевскиот рид над Берово.
На собири, свадби и слави.
Од среќа.
И за пари.
Со сета наука што ја има измислено.
Во славните копуци како јунаци и обратно.
Овие што на изборите гласаа за магарињата, лигњата и мулето, или, уште полошо, не гласаа, го промашија историското време.
Не, просто, политичката опција.
Политичката опција се промашува.
Но, тие ја промашија епохата.
Како кога Милошевиќ не го разбра времето и вредносниот ред по падот Берлинскиот ѕид.
Заев го урна берлинскиот ѕид во Македонија.
И околу Македонија.
А тие мислеа дека гради нов погон за ајвар.
Тие, се разбира, можеа да се разочараат во Заев, во Рада, во Заев и во сдсм, во сите, но проблемот беше и е во тоа што нивната разочараност се судри, не само со Заев, со Рада и со сдсм, туку со времето, со историското време, со термините за продолжување на историското време на Македонија кај големиот нотар на Историјата.
Не го разбраа историскиот императив околу името и перспективите, не ја сватија драпатонската приказна за идентитетот, ниту односот на силите, внатре и надвор, не ги разбраа слабостите на власта во однос на ризиците и на историчноста на процесите и тоа неразбирање отидоа да го компензираат или стимулираат со неверојатни дози нихилизам, мирадизелизам, кој од кај Заев се одбиваше и ја преплави целата држава низ славните пароли “не не бива, полоши сте од режимот, да даде господ да цркнете, џукели”.
Нивната битка се претвори во битка против сите, односно во битка и против себе.
Не е проблемот во тоа што цело време ги нроеја неасфалтираните дупки и пребртените контејнери а го занемарѕваа или релативизираа освојувањето на најбисоките врвови во државната и национална реализација туку во тоа што од дупките направија тесто кое го истисна сиот воздух од македонското плехче.
Јас, се разбира, не мислам дека сдсм е мајбах.
Но, ако не сте терористи, треба да сте особено глупави ако сте наумиле да го убиете пилотот без да имате човек што може да го слета авионот и, уште поважно, без да имате аеродром кај што ќе го слетате.
А овие три години го масакрираа човекот.
На десет илјади метри над земјата.
Тоа политичко дркаџиство, однесе стотина или не знам колку илјади гласови од вкупната бројка од околу триста илјади минус излезени. Да ги одбиеме, значи, иселените, заразените, исплашените, луѓето кои во страв од короната, тој ден отидоа на свадба, или на колективно наргилизирање, наместо на гласачкото место, хахаха.
Еве ја мојата анализа, која, и покрај се, е полна со оптимизам.
Затоа што не проектира идеални модели, туку ги зема предвид реалните односи и состојби.
СДСМ загуби стотина илјади гласови или десетина пратенички места поради следниве причини:
Единствената и непофторлива политика на непопуларно решавање на клучните национални прашања: името, уставот, историјата…
Популарно решение за овие работи не постои, според тоа, ова беше дел од вкалкулираните ризици.
Специјалната војна на злосторничката инсталација на вмро-дпмне во колаборација со странските интересенти, од Будимпешта до Москва, и со домашните плачипичесто расположени разочараности, би можеле да ги крстиме владивастоци, се вториот фактор.
Неверојатната препуштеност на средината на медимскиот терен на таканаречената опозиција и останатите нихилисти. Не можам да се сетам дека имало власт која со повеќе непријателски расположени медиуми или со помалку благонаклони, остварила ваков резулатат.
Слабостите во политиките, особено во минусот имагинација и со криминалното правно наследство на груевизмот да решат повеќе работи од доменот на првдата, корупцијата, и во сопствените редови, да, други глупости итн.
Многукратно тестираните пучистички потенцијали на злосторничката инсталација кои овој пат дојдоа до израз преку хакерскиот автонапад врз системот на дикот.
Со дикот кој во некои моменти заличуваше на формација на злосторничката инсталација.
Вмро-дпмне загуби повеќе од сто илјади гласови затоа што на изборите излезе со тежок историски багаж од кој не успеа да се ослободи, плус фактот дека сите теми на кои инсистираше, историјата и политичките противници, ги решија спротивно на неговите идеали: и името и уставот и знамето и меѓуетничките односи и евроинтеграциите и односите со сад. Со се порасширена свест дека се непријателска формација со опасни намери. До ниво на кое се поставува прашањето каква е смислата на оваа чудовиште ако и деструкцијата не е во состојба да ја изведе така како што му е наложено.
Имајки ги предвид овие околности јас сметам дека резултатите на изборите се праведен израз на односите меѓу македонската памет и глупоќа, односно дека се во принцип добри. Да не беше хакирањето односно вмровирањето на серверот, сдсм ќе имаше 49 пратеника, а вмро 42. Коалицијата Можеме однесе два мандата повеќе во судирот со Барселоната на светскиот криминал. Тоа е за огромна почит. Потврдена е мнозинската ориентација кон Европа. ДУИ има други слабости и проблеми, но факт е дека заедно со сдсм ја извојуваа историската европска победа за Македонија. Вмро остана не толку без мандати, колку без сусптанца. Кој курац е вмро. Ако се за што се бореше е загубено. Опасната групација од говњари, лузери, пљачкаши, злосторници, будали, лудаци, идиоти, е испразнета од сета содржина. Тежок инфантилизам е очекувањето дека тие типови и типки во собранието ќе потрошат уште четири години за да бидат преторијанска гарда на скотот од Будимпешта. Кога сум со добра воља гледам на вмро како на топка стопен сладолед, а кога не сум, како на проливест исерок на асфалтот. Не сум сигурен дали од тој распад може да се направи пристојна партија.
И уште две важни работи: Изборите покажаа пораст на релативното и апсолутно значење на албанскиот политички фактор и намалување на значењето на македонскиот фактор. Тоа не е само поради бојкотот на македонските глупаци, макар што тие одиграа важна улога, тоа е дел од закономерното тежнеење кон урамнотежување на улогите. За тоа сум пишувал милион пати.
Идејата за Албанец во премиерската фотеља е во принцип интегративна и е на линијата на урамнотежувањето за кое говорев пред малку, но поради предизборните профилирања е изнесена ултимативно и поради тоа делува неприфатливо во овој момент. Значи, не поради националната припадност на кандидатот. Јас мислам дека ДУИ ќе го користи Зибери за максимизирање на своите позиции во новата влада, веројатно и за утврдување на рокови и процедури во кои Зибери или некој друг ќе стане премиер или претседател, што е океј, јас на тие аспирации гледам низ нивната интегративна функција. Во таа смисла бојкотот на разочараните ја имаше и таа позитивна функција што ги доближи Македонците до свеста за тоа дека тие не се фактор кој има монопол врз сите клучни функции во државата.
И, конечно, идејата за голема коалиција меѓу вмро и сдсм е знак дека не се исцрпени сите потенцијали на македонското политичко и културно глупантропство. На таа коалиција, Албанците ќе си направат не само своја коалиција, туку и свој парламент и своја влада, односно своја мала држава. Би можел, за мали пари, да и бидам амбасадор во Скопјанг.
Хахаха!
Мислам дека и меѓународниот фактор ќе притиска да се формира влада без вмро-дпмне. Ниту Брисел, ниту Берлин, ниту Вашингтон и Париз, нема да ризикуваат да ја доведат во прашање својата инвестиција во Северна Македонија со нови избори или со решенија кои се против нивните интереси.
Снимките за хакерскиот напад ќе бидат анестезирачки елемент за таканаречените политичари кои во меѓувреме, можеби, можат да збеснат.