– СДСМ е победник на овие избори и нема да се согласам со Мицкоски и сегашното раководство дека ВМРО-ДПМНЕ е победник. Навистина ми е жал, и многу сум разочарана од изборниот резултат, вели Даниела Рангелова поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Отворено на Телевизија 24.
Рангелова рече дека она што му недостасува на ВМРО-ДПМНЕ е да се демократизира партијата, повеќе да се врати одлуките да ги донесуваат членовите.
„Очекувавме Мицкоски да се огради од лошите политики на Груевски. Кога зборуваме за груевизмот, зборуваме за политики. Што е разлика сега ако истите политики ги води Мицкоски. Ова се истите политики, сега е Мицковизам, истакна Рангелова.
Таа истакна дека е голема грешка Мицкоски немаше храброст да води ни една изборна единица.
„Дали некој верува дека Мицкоски може да состави влада. Ако сега прави влада, тогаш кои се црвените линии ако пред тоа велел Мицкоски дека името не го даваме, тиранска платформа, кантонизација. Со кого ќе разговара сега Мицкоски, со ДУИ, Со Алијанса, со Левица која вели дека ќе бара закон името ВМРО да е забрането за употреба од политички партии.
Рангелова потенцира дека голема лага е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи Влада.
„Мицкоски ништо не смени, јас не гледам разлика во делувањето од Груевски. Дури и во состаноците исто се доцнеше како во времето на Груевски. Знаеја да кажат членовите – Сè е исто, само него го нема. Ова раководство буквално залута. Тие не знаеја на кого се обраќаат на овие избори. Ако знаеја немаше да ги кандидира Силјановска или Сафет Бишевац.
На ВМРО-ДПМНЕ му треба привремено раководство Мицкоски сега треба да си замине, треба сам да си поднесе оставка, истакна Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата Отворено на Телевизија 24.
Ј. Ѓорѓиоски