ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мијалков и Тодоров бараат промени во ВМРО-ДПМНЕ и одговорност од Мицкоски

July 22, 2020 21:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков бара одговорност од лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски за, како што вели, најлоши изборни резултати во историјата на партијата. Според него, шансите ВМРО-ДПМНЕ да ја формира новата влада се речиси еднакви на нула. Мијалков кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ по уставните измени, во интервју што го објавува он лајн порталот Плус Инфо вели дека Мицкоски и највисокото раководство околу себе стават стаклено ѕвоно и ја игнорираат реалноста, пренесува Радио Слободна Европа.

„Повторно со некакви математики кои се разбирливи само за нив, креираат лажна слика и живеат во еден лажен свет. Проблемот е што сега се помалку граѓаните им веруваат. Добар дел и од блиските на Мицкоски не веруваат во оваа лажна слика, но се плашат да кажат дека со политиките кои ги водеа и со неискрениот пристап, не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните“ пренесува порталот од разговорот со Мијалков.

Оваа реакција доаѓа на само еден ден по заклучоците на централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за промената на статутот. Во јавноста со реакции се јавија неколку поранешни функционери кои не се дел од актуелното раководство, освен Мијалков, со колумна во Дојче Веле реагираше поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, а вчера во пост на социјалните мрежи коментираа и поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски и поранешната пратеничка Даниела Рангелова.

Тодоров вината за изборниот резултат ја наоѓа во, како што вели, погрешните чекори за време на кампањата и негативната реторика која според него ги одвратила гласачите.

„На овие избори не победи СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ загуби. Победи единствено ДУИ. Како победи и зошто е друго прашање и тема која заслужува сериозно да си го ставиме прстот на челото“ напиша Тодоров.

Неколку медиуми јавуваат дека од партијата наместо коментар за реакциите ги посочиле кон став на фејсбук статусот на партискиот секретар за дијаспора и ветеран на партијата Иван Соколов.

„Интересно е како „доктор смрт” и „главната глава на режимот” станаа најпосакуваните ликови на Зоран Заев. И да не ја залажува јавноста, на Мијалков му е важно ЕУ и НАТО, колку што на Пабло Ескобар му биле важни демократијата и принципите. Добро е што со ваквите хорски напади под диригентската палка на Заев се последниот крик на печалбарите во политиката и што ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж зад себе“ напишал на фејсбук Соколов.

Претходно Поповски ја критикуваше стратегијата на партијата и порача дека не треба да се лаже членството, додека Рангелова порача дека по изборните резултати, очекува од Мицкоски да се повлече од функцијата и да остави простор за ново раководство на партијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Али Ахмети повикан во Специјалниот суд во Хаг

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски од Карпош: За 4 години ќе успееме да го обновиме овој руиниран систем

October 9, 2025

Сите заложници ќе бодат ослободени: Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 9 октомври

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk