ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавени радио интервјуа во 2 тома под наслов „Македонија во НАТО“

Во интервјуата, авторите се обидуваат што подетално да го проследат т.н. пристапен процес на нашава земја во НАТО, кој финишираше со шпанската ратификација на Пристапниот протокол  и да дадат и одговори на прашањата што значи членството во НАТО за Република Северна Македонија и што ја очекува, односно пред какви предизвици сега е исправена како триесетта полноправна членка на НАТО.

July 23, 2020 08:52
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Триесет и осум радио интервјуа посветени на патот на зачленувањето на земјава во НАТО се објавени во двотомно издание „Македонија во НАТО“ од новинарот и публицист Свето Стаменов од Македонското радио – Радио Скопје и проф. д-р Трајан Гоцевски, универзитетски професор, експерт од областа на одбраната и безбедноста и министер за одбрана во првата влада од независноста на државата.

Првата од двете книги содржи 20 интервјуа реализирани во попладневните програми „Слушајте радио” и „Актуелно” и во саботната претпладневна програма „Радио спектар” на Македонското радио – Радио Скопје, како и во авторскиот проект „Quo vadis“ во периодот од октомври 2006, кога и почнала интензивната соработка меѓу двајцата коавтори, па сè до мај 2018 година, односно до потпишувањето на Преспанскиот договор со кој  беше надминат речиси тридеценискиот спор со Грција.

За интервјуата, кои во книгата се претставени хронолошки, Стаменов посочува дека се посветени на најважните настани кои им дадоа белег на македонскиот евроатлантски пат и на НАТО во тој период: самитите на НАТО во Рига (2006), Букурешт (2008), Лисабон (2009), Чикаго (2012), Кардиф (2014) и Варшава (2016) и очекувањата на Република Македонија од нив, а особено од за нас, како што вели, несреќниот Букурешки самит на кој нашава земја не го доби долгоочекуваното членство, потоа реформите во македонскиот одбранбен и безбедносен систем и исполнувањето на стандардите за членство на Република Македонија во НАТО, придонесот на нашата Армија во мисиите на НАТО…

Втората книга на „Македонија во НАТО” содржи 18 интервјуа реализирани во попладневната програма „Актуелно” и во саботната претпладневна програма „Радио спектар” на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од јули 2018, односно од потпишувањето на Преспанскиот договор, па до кревањето на македонското државно знаме пред седиштето на НАТО во Брисел на 30 март 2020 година – чин со кој и симболично беше означено зачленувањето на Република Северна Македонија во најголемата и најсилна политичко-воена меѓудржавна организација во светот,.

Стаменов истакнува дека во интервјуата се обидуваат што подетално да го проследат т.н. пристапен процес на нашава земја во НАТО, кој финишираше со шпанската ратификација на Пристапниот протокол  и да дадат и одговори на прашањата што значи членството во НАТО за Република Северна Македонија и што ја очекува, односно пред какви предизвици сега е исправена како триесетта полноправна членка на НАТО.

Новинарот и публицист Свето Стаменов и проф. д-р Трајан Гоцевски се коавтори и на книгите „Македонски безбедносни лавиринти“ (2015) и „Армија на мирот“ (2017), која беше посветена на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, како и на трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ објавена минатата година./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Утрински преглед на вести: „Не ја исклучувам опцијата Заев да собере 61 пратеник и без ДУИ“, се бараат промени во ДПМНЕ и одговорност од Мицкоски...

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски од Карпош: За 4 години ќе успееме да го обновиме овој руиниран систем

October 9, 2025

Сите заложници ќе бодат ослободени: Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 9 октомври

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk