ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тетовско Непроштено памети, 19 години од убиствата и киднапирањата во 2001 година

Со законот за амнестија во македонскиот судски систем се затвори и случајот Непроштено, а со тоа и истражните постапки околу 12 -те киднапирани Македонци. Случајот Непроштено заедно со останатите три предмети во македонскиот правосуден систем беа вратени од Хашкиот суд во 2008 година, со ветување и обврска дека Јавното обвинителството ќе ги истражи, истакнуваат од Иницијативниот одбор. 

July 23, 2020 21:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Во тетовско Непроштено вечерва се одбележа 19-годишнината од свирепото убиство на Стојан Михајловски и исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски во конфликтот во 2001 година, како дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани.

Одбележувањето на годишнината се одржа пред спомен обележјето кое е изградено во 2014 година. Помен трисагија за киднапираните Македонци отслужија свештеници од Тетовското архиерејско намесништво.

– Не само најблиските, туку цело Непроштено тагува сите овие години по нив, тагува Македонија. Засекогаш ќе го негуваме споменот на нив и ќе се сеќаваме на заедничите мигови поминати со нив. Потсетуваме дека Стојан беше свирепо убиен и оставен со денови на отворено, а беше погребан во Брвеница. Крсто беше учителот во ова село, Цветко беше посветен работник и татко, а Васе беше киднапиран само неколку денови по својата венчавка, беше истакнато во пригодното обраќање подготвено од Иницијативниот одбор.

 

Пред единствениот потсетник спомен обележјето изградено во нивна чест, беше положено свежо цвеќе. Знак на почит им оддадоа семејствата на киднапираните, делегации на политички партии, институции и здруженија.

Со законот за амнестија во македонскиот судски систем се затвори и случајот Непроштено, а со тоа и истражните постапки околу 12 -те киднапирани Македонци. Случајот Непроштено заедно со останатите три предмети во македонскиот правосуден систем беа вратени од Хашкиот суд во 2008 година, со ветување и обврска дека Јавното обвинителството ќе ги истражи, истакнуваат од Иницијативниот одбор.
Next Post

Локален пороен дожд и засилен ветер наредните денови

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk