ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Над 276 илјади граѓани користат домашна платежна картичка, во македонската економија се вбризгани 17,7 милиони евра

July 24, 2020 14:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Преку бројни мерки и политики СДСМ изминативе три години во континуитет покажа и докажа што значи вистинска грижа за сите граѓани, вели претседател на Комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Битиќи истакнува дека се потврди и дека концептот на Социјалдемократскиот сојуз, парите назад кај граѓаните, успешно функционира не само во мирни времиња,туку и во време на најголемата светска здравствена и економска криза.

„Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ, донесени за помош и поддршка на граѓаните, компаниите, економијата воопшто се покажаа како навремени и вистински.

За тоа говорат и бројките, дека преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат домашна платежна картичка.

При тоа, вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18.07 e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги .“, вели Битиќи

Тој посочува дека со платежните картички реализирани се над 1,2 милиони трансакции. Или поконкретно, граѓаните ги употребиле картичките најчесто во маркетите  89% , рестораните и храна 5%, текстил, облека, обувки 3%, аптеки 2.3%.

„Или поточно, граѓаните најмногу купувале во маркетите и оствариле промет од  982 милиони денари, текстил,облека и обувки 42 милиони, ресторани и храна 30 милиони денари, мебел 12 милиони, аптеки 10.8 милиони, хотели и туризам 3 милиони денари и останато.

Се потврди проекцијата дека домашната платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата, затоа што ја поддржува приватната потрошувачка и домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност и придонесува за безготовинско плаќање што претставува уште еден механизам во борбата против сивата економија.

Поради проширување на листата на граѓани приматели на овие картички, како и позитивен одговор на поднесените приговори, рокот за издавање и достава на домашните платежни картички е продолжен и во текот на оваа недела за граѓаните кои сеуште не ги добиле своите платежни картички.

Овие факти и бројки се уште една голема потврда дека СДСМ отсекогаш била и останува да биде партијата која е на страната на граѓаните, на државата.

Така продолжуваме и во иднина. Со новата Влада предводена од СДСМ уште повеќе и уште подобро со нови и зајакнати политики кои значат подобар животен стандард за граѓаните и стабилна економија.“ потенцира Битиќи.

 

 

 

 

 

Next Post

Документарен филм за првата експедиција на планинарите од Охрид во освојувањето на врвот на Европа

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk