ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Чекајки го Заев од Преспа и Ахмети од Хаг

July 26, 2020 11:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Потонати во постизборните аритметики, во благите или малку понаглите шалтања, кои на македонската злоба ѝ се случуваат секогаш кога паметта ќе почне да и се качува од дупето во главата, легнати пред болницата на историјата, во очекување семејството да се смилува и да дозволи вмро-дпмне да се исклучи од апаратите за вештачко одржување во живот, да се еутаназира и спаси, и злото од нас и ние од злото, чекајќи го Заев од Преспа и Ахмети од Хаг, не ја забележуваме бандерата во нашите очи, фактот дека Северна Македонија е единствената држава на континентот со проевропска, прозападна, проамериканска, левоцентристичка доминација во власта. Во мултиетничкото општество во кое и малцинските националисти се за трајна и недвосмислена дружба со Вашингтон и со Брисел. И дека таа недвосмислена ориентација е изборена во жесток судир со домашните антинационални, антимакедонски националисти од редот на чипираните идиоти на вмро-дпмне и на нивните фашистички абортуси и кикифрики испљувоци како и на систематската и масивна кампања што доаѓаше од надворешни центри во Будимпешта, во Москва, во Италија, во Словенија…

Отворете ја политичката карта на Европа и ќе видите дека Македонците, сепак, не се „трет најглупав народ на светот“, всушност, дека воопшто не се глупави. Се разбира, јас знам дека идиотите ќе речат дека тоа што сме единствени, имено, е израз на нашата глупоќа, но не ќе да е така, драги мои, останатиот дел на континентот со симпатии и надежи гледа на политичките форми и ориентации и доминации во Северна Македонија, помага, заедно со САД, тие елементи да се зацврстат, силно мотивирани во сознанието дека тие ориентации се единствената гаранција за мирот, стабилноста, безбедноста и одржливиот развој, на трагата на европските правни, политички и геополитички вредности и интереси.

Луѓето ги премавнуваат разликите во ставот дека граѓаните заслужуваат подобра држава. Се разбира, во некоја апсолутна смисла – да, но во релативна смисла не ми се допаѓа оваа, класично, би рекол, просерување. Освен тоа која држава не заслужува да има подобри граѓани отколку што се верните симпатизери на злото. Триста илјади души, бато, па ти види. Колку мисионери ќе ни требаат за да ја оправиме оваа безбожност. Сите да се опоравиме од неа. Мислам дека преведувањето во верата на модерноста и нормалноста, не е невозможна мисија. Дури ми се чини дека ќе биде помека, пофина и поефикасна, отколку што ни се чини сега.

Јас мислам дека при конституирањето на новиот парламент ќе се покаже дека проевропската влада ќе има дури двотретинска поддршка. Во овој момент, според партиската припадност, на таа линија се најмалку 74 пратеници. Не знам дали сите фактори ќе влезат во новото мнозинство, односно во владата, но, ако, во рамките на преговорите за формирање на мнозинството во Собранието, Заев, Ахмети, Села и Касами, го договорат пакетот за  натамошно унапредување на правата на Албанците, вклучително и принципот кој ќе обезбеди Албанец во идните тури да дојде на местото претседател на државата или на владата, тогаш може да се каже дека оваа вредносна гарнитура на подолг рок ќе остане да ги дефинира политиките.

Тоа ќе значи исцрпување на големите теми како главен извор на внатрешниот интеретнички и меѓуетнички конфликт: идентитетите, симболите, доминацијата односно рамноправноста, Европа како мајка или како курва вавилонска, соседите како волци или како ограда на која македонското куче може да се почеша, да се потпре и, одвреме-навреме, да се измоча.

Таа епика завршува и Македонија ќе може да влезе во нова фаза во која ќе и се случи реална политичка плурализација врз основата на теми од областа на економијата, социјалата, образованието, науката, спортот и сл.

Знам дека оваа проекција има преромантизиран призвук, но јас верувам дека работите ќе се движат во таа насока. Со кое темпо, со какви пречки, со какви проблеми ќе се одвива таа трка, јас не знам, но знам дека правецот е тој и дека друг нема.

Во овие конкретни услови на нашата сиромаштија или богатство, Албанците ќе имаат причини да се чувствуваат и  во национална и во граѓанска смисла остварени, системски остварени, Македонците, ако навистина не се „трет најглупав народ“, ќе имаат причини за истото чувство затоа што во замена за некои свои нормативни и практични монополи и ексклузивитети, добиваат огромна компензација на сите важни точки: идентитетот, името, јазикот, признанието, безбедноста, сигурноста, перспективите, контекстот на перспективите кој обезбедува совладување на сите внатрешни противречности и надворешни аспирации.

Секој што имаше два грама мозок знаеше дека идејната ориентација го води вмро-дпмне во пораз. Не на овие или на некои други избори, туку во пораз од времето и од историјата. Кога на Сојузот на комунистите му истече историското време, партијата се преобрази во Партија за демократскиот просперитет, па во СДСМ, расчисти со изворните принципи на комунизмот, со сопствената доминантна улога, со диктатурата на пролетеријатот, со фабриките во рацете на работниците итн. Се задоволи со државата како капитална оставштина и со можноста да ја развива во новите демократски и пазарни услови.

Вмро ја доби својата историска шанса во тие принципиелни решенија и однесувања на СКМ односно СКМ-ПДП и СДСМ, а не поради својата моќ или некаква дисидентска аура. Немаше такви нешта. Во сите кризни моменти вмро-дпмне и неговите лидери инсистираа на враќање кон изворните принципи на партијата. Односно кон партијата како единствена артикулација на националните интереси, како кон Сојуз на комитите, како кон партија со водечка улога и, всушност, единствена, улога. Како десна варијанта на Сојузот на комунистите. На тој начин ја доближуваа до конечниот пораз. Затоа што додека тие се враќаа и се обидуваа и Македонија да ја вратат кин своите изворни принципи кои отсекогаш биле принципи на смртта, им истекуваше историското време. И еве го, им истече. Тие можат да бидат партија или да се реформираат и пререгистрираат во патувачки циркус на Монти Митко или на Жмицко, но не можат да бидат вмро.

И тоа е добро и за нив и за Македонија.

Вмро е како мојата пензионерска карта за автобусите на јсп, кога ќе ја ставам на автоматот, на екранот ми пишува „важноста и е истечена на 13 први 2020“.

Хахаха!

Во овие насоки може да помогне отворањето на темата за илинденскиот циклус како исцрпен резервоар.

Изеден е сиот мед и, еве, подолго време се случува од дното да загребуваме и по некое говно. Катастрофата со вмро-дпмне како политички концепт на илинденскиот мит, не оди заедно со класичните прослави. Тие се дел од ритуалите на кои почива општеството, но содржините мора да претрпат битни промени. Во насока на откривање на вистината. Можностите на нашите лаги и на нас како фактори на лагите, се исцрпени, време е нашиот резервоар да го наполниме со горивото на вистината. Во таа смисла, мораме да бидеме поослободени, посигурни во себе, порелаксирани во дефинирањето на новите односи со Бугарија. Многу сум љубопитен, едвај чекам да видам ќе има ли некое придвижување во оваа насока на годинашнава прослава.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk