ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Светски архитекти во октомври ќе учествуваат на „Проект Скопје“

July 26, 2020 12:50
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Тридневен настан „Проект Скопје“ ќе се одржи од 21 до 23 октомври со учество на светски архитекти кои ќе разговараат за моќта на архитектурата и урбанизмот.  Архитекти од Јапонија, Холандија и САД, 55 години по планот на Кензо Танге за Скопје, повторно ќе бидат во главниот град. Настанот ќе го организира Архитектонскиот факултет при УКИМ  во рамки на одбележувањето 70 години од неговото основање и 55-годишнината од донесувањето на планот за реконструкција на центарот на Скопје.

По разорниот земјотрес во 1963 година, кој остави повеќе од 80 отсто од зградите во урнатини, Обединетите нации вложиле исклучителен напор за реконструкција и редизајн на Скопје, поканувајќи во обновата да се вклучат голем број светски архитекти, меѓу кои Кензо Танге од Јапонија, Јап Бакема и Ван ден Брук од Холандија како и Константин Доксиадис од Грција. Нивните проекти биле потврда на идејата дека модерните градови и општествата можат да бидат проектирани и реконструирани преку идеи и концепти кои се својствени на архитектурата и урбанизмот, а притоа и се длабоко хуманистички.

Педесет и пет години по изработката и усвојувањето на планот за реконструкција на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во Скопје со свои предавања ќе гостуваат архитектите Реинер де Граф од ОМА-студиото од Холандија и Су Фуџимото од Јапонија, како и проф. Чарлс Валдхајм од Универзитетот Харвард во САД.

– Основната цел на „Проект Скопје“ во 2020 година е да ја преиспита моќта на архитектурата и урбаниот дизајн како двигатели на реконструкцијата на општествата и градовите низ светот. Проектот за Скопје беше одлична можност за светските архитекти од тоа време, на покана на ОН, да создадат навистина светски проект кој ќе ги промовира универзалните хуманистички вредности создадени низ архитектурата. Овој процес беше реализиран низ блиска соработка на врвните архитекти од целиот свет за создавање на светската визија за Скопје, истакнува проф. д-р Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет.

На настанот „Проект Скопје“, кој се организира во соработка со „Домејн студио“ од САД, посебни предавања ќе имаат и еминентните професори Хаџиме Јатцука од Токио, експерт за делата на Кензо Танге, Дирк ван ден Хувел од Холандија, експерт за делото на архитектот Јап Бакема, Дебора Хаупман од САД, Инес Толиќ од Италија и професорката Анета Христова-Поповска од Архитектонски факултет која ќе говори за делото на професорот и архитект Живко Поповски.

Деканот на Архитектонскиот факултет нагласува дека по половина век, светските архитекти во октомври повторно ќе размислуваат и дискутираат за Скопје, но сега не само како за град кој треба да се обнови, туку како парадигма и модел за соработка во создавањето праведно општество и одржливи градови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од октомври ја зголемуваат минималната плата на 500 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk