Сите приговори се обработени. Од 46.000 приговори – 9.200 се прифатени, од кои – 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со низок доход.
Картичките и за овие граѓани се испечатени и се издаваат, напиша министерката Нина Ангеловска на својот профил на Фејсбук.
Да се осмисли, дизајнира и имплементира една мерка како Домашна платежна картичка беше навистина голем предизвик.
Прва мерка со нов начин на имплементација – без бирократија, без шалтери и аплицирање
Координација со голем број на вклучени државни институции + банки
Исклучително краток период
Оптимално дизајнирање за да даде максимални ефекти со фокус на македонските производи и услуги
Покрај главната цел на мерката – да се амротизира ударот врз економијата преку стимулирање на приватната потрошувачка, ја креиравме на оптимален начин да даде и други значајни ефекти на патот кон современо опшество.
Помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата
Кревање на свеста за домашното
Зголемување на безготовинските плаќања кои се директно поврзани со неформалната економија
Промена на навиките
Подобрување на квалитетот на дата-базите на институциите
Се работи за многу обемна мерка, која од нејзино конципирање до реализација се спроведе во навистина многу краток рок – односно од носењето на уредбата до издавањето на првата картичка поминаа само 2 недели, напиша Ангеловска во објавата.