ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дендиас: ЕУ интеграцијата на Северна Македонија и Албанија е стратешки избор и за Бугарија и Грција

July 27, 2020 15:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во Европската унија и за Бугарија и за Грција претставува стратешки избор што води до стабилен Балкан, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата во грчкото МНР со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, јави дописничката на МИА од Атина.

Министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија изразија поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, но со почитување на поставените услови.

-И Бугарија и Грција сме фактори на стабилност и ко-развој во нашиот регион. Ние сме помагачи на патот на нашите соседи кон Европската унија, на балканските земји, на Северна Македонија и Албанија, секако, секогаш под услов да се почитуваат поставените услови. Интеграцијата на овие земји во Европската унија и за Бугарија и за Грција претставува стратешки избор што води до стабилен Балкан, рече Дендиас.

-Тоа е од огромно значење за сигурноста на двете држави, но заедничка е перцепцијата дека треба строго да ги исполнат реформите и да ги следат принципите на добрососедство, наведе Захариева.

Шефовите на двете дипломатии разговарале и за пандемијата, за последиците и за напорите за враќање во нормала, а Захариева и на средбата со Мицотакис и на средбата со Дендиас го покренала прашањето за отворање на втор граничен премин меѓу двете земји, освен Промахонас.

Дендиас рече дека грчкиот премиер ѝ ветил на Захариева дека ќе го разгледа конкретното прашање.

Двајцата министри се осврнаа и на последните активности на Турција, за Света Софија шефицата на бугарската дипломатија рече дека „е споменик од огромно значење и историска симболика“, а Дениас истакна дека Грција ќе продолжи со активностите за подигање на свеста на светската заедница за конкретното прашање.

Во однос на активностите на Анкара во Медитеранот, Дендиас ги повтори грчките позиции околу прекршувањата од страна на Турција, додаде дека Грција нема да толерира прашања поврзани со нејзините суверени права и оти „само со целосно почитување на меѓународното законодавство и правилата на добрососедство може да се гарантира стабилноста во регионот“, додека пак Захариева истакна дека кога постојат спорни прашања „треба да се решаваат со дијалог, а не со еднострани активности“.

Постапките на Турција, како и пандемијата беа во фокусот и на средбите на министерката за надворешни работи на Бугарија, со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Сакеларопулу истакнала дека очекува „практична демонстрација на солидарност од партнерите во ЕУ и секако од пријателска Бугарија“, а Захариева потенцирала дека Бугарија и Грција се пример за добрососедски и пријателски односи во ЕУ.

Next Post

Салах за Ловрен: Ти си неверојатен играч и одличен пријател, многу те сакам, на сите ќе ни недостасуваш

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk