ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИСИЕ: Законите за подобра транспарентност без соодветна примена на локално ниво

July 28, 2020 15:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Начелно се исполнуваат минималните барања кои ги поставуваат законските прописи во однос на транспарентноста на институциите. Институциите не покажуваат иницијатива за поширока примена на законските прописи. Во таа насока, само 9 од 25 институции одговориле дека имаат назначено посебно лице за прием на пријави од укажувачи, 22 од 25 институции одговориле дека имаат назначено посебно лице за постапување по барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, а 20 од 25 инстанции одговориле дека имаат назначено посебно лице за постапување по претставки и предлози.

Ова се наведува во Извештајот на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје, во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот активизам за следење и известување на незаконито постапување на локалната самоуправа“, за мониторингот на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за постапување по претставки и предлози) во вкупно 25 институции во пет избрани општини (Скопје, Битола, Струга, Тетово и Штип).

Мониторингот беше извршен врз основа на 52 индикатори во периодот декември 2019 – април 2020 година. Проектот е делумно поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

– Согласно со одговорите од институциите може да се забележи дека лицата назначени за постапување по поднесоци, согласно со анализираните закони, имаат соодветно образование и претходно работно искуство, но скоро ниту една од институциите не вложува средства во обуки за своите вработени. Па така, само 2 од 25 институции одговориле дека назначеното посебно лице за прием на пријави од укажувачи има посетувано обуки; 14 од 25 институции одговориле дека лицата назначени за постапување по барања за слободен пристап до информации од јавен карактер немаат посетувано соодветни обуки, а 25 институции одговориле дека ниту еднаш, ниту едно лице кое постапува по претставки и предлози од граѓани посетувало било каква обука, се наведува во Извештајот.

Мониторингот утврдил дека може да се забележи дека отсуствува и транспарентност во поглед на достапноста на податоците за контакт на овластените лица, при што само три од 25 институции одговориле дека податоците за контакт со овластените лица согласно со Законот за заштита на укажувачи ги имаат објавено на својата интернет страница.

– Петнаесет од 25 институции одговориле дека податоците за контакт со овластените лица согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ги имаат објавено на својата интернет страници, а само пет од 25 институции одговориле дека податоците за контакт со овластените лица согласно со Законот за постапување по претставки и предлози ги имаат објавено на својата интернет страница, се наведува во Извештајот.

ИСИЕ наведува дека во поглед на минимум материјалните услови и средства за работа на овластените лица, треба да се истакне дека само посебниот подзаконски акт кој произлегува од Законот за заштита на укажувачите, предвидува минимум средства за работа, но на овој индикатор, дури 20 институции одговориле дека ги немаат обезбедено во целост сите потребни средства за работа.

– Од претходно изнесеното не зачудува ниту фактот дека отсуствува сериозна бројка на поднесоци врз основа на наведените закони. Па така, 12 институции немаат примено ниту една претставка и предлог согласно со Законот за постапување по претставки и предлози во периодот 2016 година до 2018 година; 5 институции немаат примено ниту едно барања за слободен пристап до информации од јавен карактер во периодот 2016 година до 2018 година, а ниту една од 25 анализирани институции нема примено ниту една пријава од укажувач во 2016, 2017 и 2018 година одделно, се наведува во Извештајот на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје, во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот активизам за следење и известување на незаконито постапување на локалната самоуправа“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Околу 160 патници излегле од државата преку Деве Баир од утрово

НАЈНОВО

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

October 9, 2025

Судот во Битола го одби предлогот за затворски притвор на осомничените во случајот со јавни набавки во РЕК Битола

October 9, 2025

Ѓорѓиевски: Ќе го завршиме булеварот Борис Трајковски до Драчево, ќе ја создаде најголемата градска шума во Расадник

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk