По денешното соопштение на Министерството за култура во кое се реагираше на соопштението на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, и се објави дека незаконски се користи логото на Министерството за култура, од Агенцијата за филм излегоа со одговор по ова прашање.
„Користењето на логото на Министерството за култура не е тенденциозно, туку напротив со намера за објективно информирање, со оглед на тоа што документот што се цитира е од оваа институција, истиот документ е издаден на меморандум и со лого на Министерството за Култура (во прилог е документот).
Нивното соопштение околу логото не го менува фактот и не смее да ја потисне суштината, а тоа е: информацијата дека “Во Агенцијата за филм е утврдено дека нема конфликт на интереси по извршениот инспекциски надзор на Министерството за култура”.
Ви благодариме за вашето внимание и се надеваме дека конечно во јавноста ќе одекне вистината која се базира на документ, односно доказ, за правилно информирање на јавноста за работата на Агенцијата за филм, се вели во нивното соопштение.