ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Светскиот Ден на археологијата одбележан со научен симпозиум во Кавадарци

July 28, 2020 16:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот Ден на археологијата – 28 Јули беше одбележан со научен симпозиум во Кавадарци. На симпозиумот, на кој присутноста беше според мерките и протоколите за заштита од коронавирус, се говореше за актуелности од областа на археологијата.

Проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс говореше на тема „Старите утврдувања – врвни археолошки ресурси за културно туристичкиот развој на Општина Кавадарци“, проф. д-р Марјан Јованов за „Три археолошки бисери на Тиквешијата“, проф. д-р Антонио Јакимовски за „Убикација на Антигонеа“. Кустос-советникот Весна Ѓорѓиева говореше за „Развој на археологијата во Локален Музеј – галерија Кавадарци“, а кустос Весела Честоева се осврна на темата „Институционален развој на археологијата – Национална установа – Археолошки музеј на Македонија“.

-Територијата на општината Кавадарци е извонредно богата со древните утврдувања. Денес на овие утврдувања треба да им се посвети посебно внимание од аспектите на проучувањето, заштитата, конзервацијата и презентацијата, односно нивно активирање во рамките на културно-туристичкиот развој на кавадаречката заедница, рече Лилчиќ Адамс.

Јованов нагласи дека Тиквешкиот регион, со својата плодна почва, богатството од води, шуми и рудни ресурси, уште од најдалечната праисторија, од неолитскиот човек бил препознаен како простор на кој може и вреди да се живее. Археолошките остатоци од различни периоди на човековото егзистирање се најдобро сведоштво за тоа.

-Античкиот град Антигонеа беше интензивно баран речиси сто години. Од професорот Никола Вулиќ па до денес неговата локација беше голема енигма. Кандидатите за неговата убикација беа: Градиште село Војшанци, Градиште Неготино и Чаир Рид село Тремник, рече меѓу другото Јакимовски.

Ѓорѓиева истакна дека Тиквешката т. е. кавадаречката област во рамките на нашата држава, спаѓа во редот на региони со голем број археолошки локалитети со богати материјални остатоци, кои се свидетели на човековите активности од најраните епохи на цивилизацијата па се до денес. Поволните геоморфолошки и хидролошки потенцијали и патни артерии на Тиквешката котлина придонеле за постоењето на богатата и разновидна археолошка содржина, во континуитет во сите изминати периоди.

Честоева рече дека со Археолошкиот музеј, се успеа да се направи спој на модерен и технички рафиниран музејски столб за културна интеракција меѓу нашето минато и сегашност, меѓу историјата и современото живеење , меѓу археологијата и културниот идентитет на македонскиот народ, напластен низ вековите на цивилизацискиот развој.

Организатор на симпозиумот насловен „Археологијата во Тиквешијата и регионот“ беше Локален музеј галерија од Кавадарци, во соработка со Катедрата за археологија при Филозофски факултет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Покровители на настанот беа Министерството за култура на Република Северна Македонија, градоначалникот и Советот на општина Кавадарци.

Како одговорен уредник беше посочена Ѓорѓиева, инаку директор на Музеј галеријата. Раководител на проектот беше Честоева, а соработници, кустосите Трајче Цветков и Раде Атанасов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Четири нови случаи позитивни на коронавирус во Кавадарци

НАЈНОВО

FB / Bujar Osmani

Османи: Економски мерки за млади и за жени – субвенции, грантови и школа за претприемачки

October 9, 2025

Меџити: Скопската чаршија столб на развојот на економијата, туризмот и културата во Чаир

October 9, 2025
Скриншот

Вучиќ: Американските санкции за НИС ќе ги почувствуваат сите во Србија

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk