ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сугарески: Започна првата фаза од петгодишниот проект „Македонија без кал“, опфатени 17 општини

July 29, 2020 14:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за транспорт и врски го објави првиот тендер за изградба и санација на локални улици и патишта во 17 општини, како прва фаза од проектот „Македонија без кал“. Со неа се опфатени 28 локални улици во должина од 23, 6 километри, во вредност од 4,5 милиони евра.

-Почнува големиот проект на изградба и санација на локални патишта во 81 општина во земјава и во град Скопје, кој опфаќа преку 400 километри локална патна инфраструктура во вредност од околу 70 милиона евра, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Ова, потенцираше, е долгорочниот, петгодишен проект „Македонија без кал“ и веќе почнува првата фаза која опфаќа 17 општини со 23,6 километри локални улици.

-Денеска го најавуваме почетокот на реализацијата на овој проект. Министерството за транспорт и врски го објави првиот тендер за изградба и санација на локални улици и патишта во 17 општини. Во оваа прва фаза ќе се работат 28 локални улици во должина од 23, 6 километри и во вредност од 4,5 милиони евра. Веднаш по завршувањето на тендерската постапка и роковите за избор, наесен започнуваме со градежни работи и тоа: 6 улици во Богданци, три во Кавадарци, по две улици во Ѓорче Петров, Неготино и во Тетово, по една во Карпош, Кисела Вода, Илинден, Кочани, Кратово, во Македонски брод, локален пат до селото Жубовце во Врапчиште, како и во Прналија-Шупуѓе во Радовиш, до село Слоешица во Демир Хисар, локалниот пат од Долно до Горно Липовиќ во Конче, неколку улици во селото Дворише во Берово и оваа улица на која во моментов се наоѓеме, улицата Мице Козарев во Прилеп, рече Сугарекси.

Тој дополни дека тендерската постапка е во тек, рокот за поднесување на понудите е до 18 август,  по што следува евалуација на понудите, договор со изведувач и почеток со градежните работи.

Во оваа фаза се влезени само општините коишто до министерството доставиле готови ревидирани проекти,  откако за тоа министерот апелираше во изминатиот период и тие веднаш беа одобрени од Светска банка.

Сугарески најави дека се работи и на вториот пакет- општини и тој ќе биде испратен на оодбрување во Светска банка кон средината на август.

– Кон средината на август ќе ги испратиме проектите од вториот пакет ќе ги испратиме на одобрување во Светска банка и веднаш штом Банката го одобри ќе го објавиме.Затоа е многу важно во овој период општините да подготвуваат проекти и да ни ги испратат за да можеме ефикасно и навремено да ги користиме средствата што ни се одобрени. Сметаме дека со овој проект, не само што ќе го подобриме урбаното живеење, туку ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот, создаваме услови за економски развој на општините и привлекување нови инвестиции, изјави Сугарески.

За санација и изградба на локални патишта Прилеп има добиено милион и двесте илјади евра и како што вели градоначалникот Илија Јованоски се работи постојано. Освен тоа, во Прилеп во тек се три капитални проекти со над два милиона евра и наесен треба да бидат готови. Станува збор за реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, големиот мост кај таканаречениот Сточен пазар и градскиот стадион „Гоце Делчев“. /MИA/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

May 16, 2025

Мицкоски: Присуството на Самитот во Тирана е потврда за нашата заложба за активно учество во европските процеси

May 16, 2025

Иницијативата „Кој е следен“ пред ОЈО Скопје постави бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk