ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

На југот од Франција ставен под контрола шумскиот пожар кој опустоши 165 хектари

July 31, 2020 12:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот голем шумски пожар во Франција ова лето, кој засега е од непознато потекло, мобилизираше голем број пожарникари цела ноќ и предизвика евакуација на околу сто жители, е ставен под контрола, но опасноста од повторно разбувнување се уште постои, јави дописникот на МИА од Париз.

Пожарот опустоши околу 165 хектари борова шума во Чиберта, во центарот на Англе (Атлантски Пиринеи), принудувајќи ги пожарникарите да евакуираат многу домови.

-Пожарот е под контрола, има подобрување во однос на ноќта, но сè уште има две или три тешки точки, не се исклучува ризик од распалување, изјави градоначалникот Клод Олив.

Единаесет куќи биле зафатени со пожарот, од кои  во пет повеќе не може да се живее, а 16 лица биле затруени од чадот, но без сериозни последици, додека стотина жители биле евакуирани.

Изутринава околу 130 пожарникари се уште работеа на гаснењето на пожарот, во заштитата и надзорот, додека синоќа беа 150. Два авиона-бомбардери со вода ротираа до ноќеска, при што извршија 18 бомбардирања со вода.

Шумата Чиберта, вистински остров на зеленило во густо населената агломерација на Бајон-Бијариц-Англе, е голема борова шума со високи дрвја до кои е многу тешко да се достигне.

Пожарот, како што рече Олив, особено го погоди еколошкиот парк Изадија и неговиот дом.

Во југозападна Франција во текот на вчерашниот ден имаше многу високи температури. Сен Жан-де-Луз, недалеку од Англе, на брегот на Баскија, го собори својот рекорд на висока температура со 41,9  степени Целзиусови. На север, во Жирондија, во понеделникот во шумски пожар изгореа повеќе од 295 хектари борови дрвја.

За денеска се предвидува температурата во Франција да достигне или надмине 40 степени.

Next Post

Температурата денеска до 41 степен, од недела заладување

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk