ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МБА: Банкарскиот систем е сигурен и стабилен, ниту една друга банка не е изложена на ризик

August 13, 2020 13:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту една друга банка не е изложена на ризик што може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. Банкарскиот систем се одликува со исклучително прудентно работење и отпорност на шокови, соопшти денеска Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со одлуката на Народната банка да ја укине дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје.

Според МБА, утврдените слабости во работењето на „Еуростандард банка“ АД Скопје, за кои беше известено при соопштување на укинувањето на дозволата за нејзино работење, не ги отсликуваат карактеристиките на банкарскиот систем кој е сигурен, стабилен и солвентен.

-Показателите недвосмислемо укажуваат дека банкарскиот систем е во одлична кондиција, способен да одговори на потребите на населението и компаниите, а таа стабилност се согледува преку тоа што располага со високо ниво на ликвидност, при што ликвидната актива покрива близу 60 отсто од депозитите на домаќинствата, квалитетот на сопствените средства е исклучително висок и доминантен дел од нив од околу 90 проценти се од редовниот основен капитал, како најквалитетен слој од сопствените средства на системот, а солвентноста на системот континуирано е двојно повисока од законскиот минимум од осум отсто, при што според првичните расположливи податоци со состојба на 30 јуни 2020 година, стапката на адекватност на капиталот изнесува 17 проценти, наведува МБА.

Овие показатели, уверува Македонската банкарска асоцијација, обезбедуваат сигурност на депозитите на населението и правните лица.

-Депозитите во сите банки и штедилници се сигурни, а како и досега банките и штедилниците ќе продолжат со проширување на понудата на депозитни производи, следејќи ги современите трендови и потребите на клиентите, нагласува МБА и информира дека во рамки на можностите сите банки и штедилници максимално ќе се заложат да одговорат на потребите и барањата на физичките и правните лица кои биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје за да продолжат непречено да ги користат банкарските услуги и производи.

-Сите банки и штедилници се на располагање за да обезбедат брза, квалитетна и ефикасна банкарска услуга, како во однос на отворањето сметки, така и за обезбедување производи за штедење или пак доколку е потребно за рефинансирање на обврските по основ на кредитни производи на клиентите на „Еуростандард банка“ – АД Скопје кои редовно ги подмирувале своите кредитни обврски. Фондот за осигурување на депозити располага со доволно средства  и соодветно ќе започне постапка за обештетување на осигурените депозити, наведува МБА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Средба на раководството на Македонскиот полициски синдикат со директорот на БЈБ

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk