Во Северна Кореја важи мислењето дека кучиња како миленици поседуваат само оние од повисоките општествени кругови во главниот град Пјонгјанг. Кон чувањето куче за миленик се гледа како на „симбол на капиталистичката декаденција“, додека обичните луѓе чуваат само свињи и добиток, стои во текст на SkyNews.
Во извештај на ОН се вели дека дури 60% од 25.5-те милиони жители на Северна Кореја се соочуваат со „огромен недостаток од храна“, кој дополнително се влошил со меѓународните санкции кон режимот на Ким Џонг Ун за неговите програми за нуклеарни проектили.
Ким Џонг Ун во јули издал забрана за поседување куче, нарекувајќи го „расипана мода на буржоаската идеологија“, пренесува јужнокорејскиот весник Chosun Ilbo, каде е цитиран изворот.
Изворот, исто така вели дека „надлежните наоѓаат домаќинства каде има кучиња миленици, ги присилуваат сопствениците да се откажат од нив, насилно им ги одземаат и ги успиваат“.
Некои од кучињата се праќаат во државните зоолошки или се продаваат на ресторани за кучешко месо, додава изворот.
Сопствениците на миленици „го колнат Ким Џонг Ун зад грб, но не можат ништо да сторат“, додава изворот.
Обичните луѓе одгледуваат свињи и добиток на своите тремови, а богатите и оние на високи позиции поседуваат кучиња како миленици, тоа создава незадоволство.