ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од следниот месец редовна отплата на кредитите, одложување само за погодените од корона-кризата

September 2, 2020 07:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Одложена отплата на кредитите  за нови шест месеци, заклучно со март 2021 година овозможуваат банките, но тоа ќе важи само за оние  кои имаат реална неопходна потреба за одложување.

Ваквата одлука ја соопшти Народната банка вчера, а следеше по неколкуте одржани состаноци со Македонската банкарска асоцијација со цел да им се помогне на клиентите погодени од пандемијата.

– Условите и начинот на промена на договорените услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје, информираа од централната банка.

Вториот период на одложена отплата на кредитите може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

Според Народната банка регулаторната можност банките на своите клиенти да им понудат и втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата, велат од Народната банка, додавајќи дека постојано се следи развојот на настаните и потенцијалните ризици и доколку е потребно навремено ќе реагира со натамошни мерки.

По ваквата одлука од Македонската банкарска асоцијација информираа дека банките ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитите само за клиентите кои имаат реална, неопходна потреб, за оние што останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и слично.
-Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата, истакнаа од МБА.

Детални информации ќе објави секоја банка на својата интернет-страница во најкус можен рок, а од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

– Граѓаните се охрабруваат да пристапат до својата банка преку нејзината интернет-страница, или преку други канали за комуникација определени од банката, и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата. Притоа ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука, појаснуваат од МБА.

Граѓаните ќе имаат можност да користат до шест месеци продолжување на рокот на отплата на кредитите, а доколку сакаат при променети, подобри услови, ќе можат да побараат од банката да се вратат на редовна отплата и пред истекот на периодот од шест месеци.

Првата одлука за одложување на отплатата се применуваше од 1 април и завршува на крајот на овој месец, на 30 септември. Од МБА, истакнуваат дека дел од клиентите одлучиле да се вратат во редовна отплата на кредитите, а сите други согласно договорите за кредитните производи почнувајќи од октомври/ноември ќе продолжат со редовна отплата на обврските. 

Next Post

Димитров и Османи ги разменија ресорите – заеднички ќе работат на евроинтеграциите и добрососедските односи

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk