ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина го признава професионалниот гејминг како легитимен вид спорт

September 10, 2020 21:33
in ДЕНЕС, СВЕТ, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за млади и спорт на Република Украина официјално го прогласи е-спортот, односно професионалниот гејминг, како легитимен вид спорт во земјата, пренесува Мета.мк.

На 9 септември 2020 година министерството објави дека Комисијата за признавање видови спортови со мнозинство гласови донела одлука дека е-спортот односно „кибер-спортот станува официјален вид спорт во Украина.“

– Ние не може да го ингорираме феноменот на брз развој на е-спортови низ целиот свет. Интересот на публиката расте со голема брзина, како и учеството на нашето население. Сакаме нашите деца, кои бездруго поголем дел од времето го поминуваат на компјутерите, да не станат зависиници од гејмингот, туку да имаат можност својата страст да ја претворат во интелектуален натпревар. И ние треба да придонесеме кон тоа, како што прават и најразвиените земји во светот – нагласил министерот Вадим Гутцајт по овој повод.

Заменик-министерот за дигитална трансформација на Украина Алекс (Олександар) Борњаков ја најавил оваа одлука со пост на Фејсбук во кој изјавил дека ова е „историски момент за нашата земја, бидејќи е-спортот не е само ‘пукање’, туку и фундаментален елемент на модерната дигитална култура“ кој го практикуваат над 600 милиони луѓе низ целиот свет.

И украинскиот деловен сектор гледа можност за економски развој преку е-спортовите. Во текот на јули агенцијата ain.ua објави интервју со бизнисменот Александер Кокхановскиј по повод неговото купување на огромниот хотел „Днипро“ во Киев за сума од над 35 милиони евра.

Тој изјавил дека има намера да го претвори хотелот во мултифункционална арена за гејминг, која ќе го претвори Киев во светска „Мека за е-спортови, со цел да го достигнеме нивото на САД и Јужна Кореја“. Бизнисменот потоа планира да отвори слични центри за гејминг во двесетте поголеми градови низ земјата.

Украина е рангирана на 14-то место на светската листа на земји според најголема заработка на професионални гејмери според веб-сајтот esportsearnings.com. (Северна Македонија е на 54-то место меѓу вкупно 144 држави и територии.)

Покрај е-спортови, Украина е позната и како место каде што се произведуваат игри од светски глас. Меѓу таквите се оригиналните производи како стратешката игра „Козаци: Европски војни“ (Cossacks: European Wars) од 2001 година и пукачката игра во прво лице „С.Т.А.Л.К.Е.Р“ (S.T.A.L.K.E.R.) од 2007 година, направена според советскиот научнофантастичниот роман „Пикник крај патот“ на браќата Борис и Аркадиј Стругацки. Обете имаа низа експанзии/проширувања и продолженија.

Покрај тоа, украинските програмери обезбедуваат аутсорсинг услуги за странски издавачи на компјутерски игри, а некои од најпознатите наслови се „Асасинс крид“ (Assassin’s Creed) на францускиот „Убисофт“ (делумно во сопственост на американскиот „Електроник артс“),  „Светот на тенкови“ (World of Tanks) на белорускиот „Воргејминг“, како и игри од универзумот на „Војна на ѕвездите“ за „Сони“.

Извор: МЕТА.

Next Post

Заев: Државата прогресира, Мицкоски протестира за да си ја зачува фотелјата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео НАСА на Јутјуб

Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

November 3, 2025

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk