И со покачувањето на струјата, таа е поевтина во споредба со 2017 година како што ја затекнавме ние, затоа не ја гледам здравата логика да се протестира за тоа, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на МТВ.
„Просечна сметка за струјата во 2006 година беше 822 денари, а во 2017 година 1 635 денари, односно покачена за 100 проценти, со воведувањето на евтината тарифа на струјата, сметката се намали на 1 309, односно падна за 326 денари заради евтината тарифа“, рече Заев.
Заев рече дека и со сегашното покачување струјата е 228 денари поевтина од 2017 година.
„Државата прогресира Мицкоски протестира, за да си ја задржи фотелјата, истакна Заев. Од друга страна чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петтиот, шестиот ден“, рече Заев.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави сообраќајни блокади за утре попладне пред Регулаторната комисија за енергетика.