Ако некој покажа дека има капацитет да ги решава проблеми, покажавме ние”, рече премиерот Зоран Заев на вечерашното интервју на MТВ на коешто одговара на прашања на уредници од националните медиуми.
Низ преговоите ќе ги најдеме решенијата. Имаме архиви и двете земји и транспаретно ќе ги отвориме. Јас верувам дека тие архиви се истите. И мора да знаеме дека ќе бидеме двете страни победници”, рече премиерот Заев.
-Ние треба да ги помогнеме процесите ова прашање е билатерално и нема никаква не може да биде на ниво на Европската Унија тоа е надвор од сите вредности на ЕУ. Македонците мора да водат грижа за Бугарите и обратно.Верувам дека ќе имаме успешни преговори, истакна Заев.
На прашањето доколку историчарите не се договорат дали ќе следи политичка одлука за да го прифатиме Гоце Делчев како Бугарин за да влеземе во ЕУ, Заев рече дека ќе се договорат девет страни за да има заедничко решение.
– Ќе треба да се најде заедничко решение. Треба да бидеме свесни, дека не може да кажеме дека Гоце Делчев не е наш треба да видиме како тој заеднички нè спојува, вели Заев.