ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најмалку 33 жртви во пожарите во САД

Џо Бајден, противкандидатот на Трамп на претстојните избори во ноември, причините за пожарите што го зафатија западниот дел на САД ги поврза со климатските промени.

September 14, 2020 08:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 33 лица загинаа во пожарите кои го зафатија западниот брег на САД, од Калифорнија на југ до државата Вашингтон на север. Пожари има во Калифорнија, Орегон и Вашингтон, а квалитетот на воздухот значително се влошил поради пепелта, јавија локалните медиуми.

Спасувачките екипи, со помош на обучени кучиња, обиколуваат загрозени области на трите американски држави, кои претрпеа најтешки последици од пожарот. Тие трагаат по преживеани и пронаоѓање на телата на можни жртви.

Најмалку шест лица загинаа во Орегон, според податоците на локалната интернет страница за информирање на граѓаните за катастрофите предизвикани од пожари.

Гувернерката Кејт Браун рече дека десетици граѓани се водат како исчезнати во три окрузи.

Во моментов, ситуацијата е поповолна за ангажман на противпожарните екипи, бидејќи по четири дена високи температури и силен ветер, за време на викендот, температурата почна да опаѓа и ветерот се смири.
Малку повлажните временски услови и воздухот кој струи кон внатрешноста на Тихиот океан создаваат услови за подобра работа на службите ангажирани за гаснењето на пожарите.

Белата куќа соопшти американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги посети властите во Калифорнија.

Тој претходно рече дека гувернерите на државите од западниот дел на САД сносат дел од одговорноста за кризите предизвикани од пожарите во последните години поради, како што истакна, несоодветното одржување на шумите.

Џо Бајден, противкандидатот на Трамп на претстојните избори во ноември, причините за пожарите што го зафатија западниот дел на САД ги поврза со климатските промени.

САД во ноември 2019 година почнаа да се повлекуваат од Договорот за климатски промени, потпишан во Париз, чија цел е да се спречи појавата на глобалното затоплување, како и развојот на нови еколошки технологии во производството и индустријата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Утрински преглед на вести: Благ пад на бројот на новозаболени од Ковид-19, македонски газда за пример, ги прати вработените на платен одмор во Турција...

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025
Скриншот

Трамп тврди дека „Хезболах е целосно уништен“ и повикува на мир со Иран

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk