ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рикер: Македонските избори покажаа дека демократијата во земјата е жива

September 14, 2020 23:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот амбасадор на САД во Северна Македонија, сега задолжен за Европа и Евроазија во Стејт Департментот, Филип Рикер, за МИА изјави дека последните парламентарни избори покажале дека демократијата во земјата е во добра состојба, но предупреди дека руското негативно влијание останува опасност за сите, вклучително и земјите членки на НАТО, јави дописничката на МИА од Брисел.

Рикер попладнево учествуваше на панел дискусија за влијанието на Русија во земјите од источна Европа.

На прашање на МИА дали со зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, земјата е сега безбедна од руско влијание, Рикер предупреди дека ниедна земја не е целосно безбедна.

-Штетното руско влијание останува сеприсутно и е предизвик за земјите членки на НАТО како и за оние земји кои не се членки, го гледаме тоа и во САД каде продолжуваат да се обидуваат да се мешаат во нашите избори и преку други штетни активности, и тоа беше случај и во Северна Македонија, рече Филип Рикер за МИА.

Поранешниот амбасадор ја поздрави отпорноста на македонската демократија соочена со рускиот предизвик, посебно со оглед на изборните резултати, како што рече.

-Процесот беше резистентен и во тој поглед сметам дека изборите беа позитивен сигнал дека демократијата во земјата останува жива, изборите беа слободни, фер и добро спроведени и покажаа желба да се продолжи со оствареното, а тоа подразбира и станување триесетта земја членка на НАТО и покрај предизвикот со Ковид-19, рече Рикер.
Членството на Северна Македонија во Алијансата е од “огромна“ важност за НАТО како и за целиот Западен Балкан, додаде Рикер, и уште еднаш повика да се остане внимателен во однос на Русија.

-Треба сите заедно да работиме во справувањето и борбата против штетното руско влијание и имам целосна доверба дека Владата во Северна Македонија ќе продолжи да работи за подобрување на земјата, да се фокусира на меѓународните односи, на безбедноста, стабилноста што ги носи членството во НАТО, видовме дека долгорочни конфликти како тој помеѓу Северна Македонија и Грција можат да се решат со прагматична дипломатија, додаде поранешниот американски амбасадор.

За време на неговото излагање попладнево, Рикер истакна дека за источна Европа “нема поголема закана од Русија“ во овој момент и нагласи дека САД се обиделе да ги решат прашањата со Москва на “поинаков начин“, но безуспешно.

-Русија сега треба да одговара и да прифати одговорност за своите дела, рече Рикер, споменувајќи ги труењето на опозиционерот Алексеј Навални, кибернападите, дезинформациите, убиствата, и нарушувањето на спогодбите со Украина.

Next Post

Македонскиот газда што ги почести вработените одмор: „Ве молам не ме фалете толку, јас сум само човек“

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk