ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бочварски најави актуелизирање на предложениот закон за легализација на дивоградби

Апелира  секогаш да се внимава на законитоста бидејќи, укажува, многу често заглавените предмети имаат и одредени пропусти и проблеми што апсолутно не смееме да дозволиме да се случат.

September 15, 2020 15:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повторно актуелизирање и промени на предложениот закон за легализација на дивоградби што е во собраниска процедура низ разговори со пратеничките групи и сите заинтересирани страни, најавува новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА.

-Законот е веќе во собраниска процедура, односно тоа е истиот закон што е поднесен. Во моментот кога Собранието ќе го актуелизира Министерството ќе биде подготвено да разговара  со сите пратенички групи и сите заинтересирани страни секако на крајот на денот во оваа парламентарна демократија да се донесе закон којшто ќе го регулира делот на бесправо изградените објекти. Се она што е изградено во заштитени зони на Охридското крајбрежје и станбените згради со намена А2 нема да биде предмет на легализација со овој закон. Ова е една заштита за да се запрат таквиот тип на злоупотреби. Законот е далеку порестрикивен од претходниот и има момент на казнивост од повеќе аспекти, вели Бочварски.

Аспектот  на дивоградбите, укажува, не треба да се гледа единствено од оваа страна според законот за третман на бесправно изградени објкети, туку и со инспекцискиот надзор.

Според Бочварски, новиот Закон за урбанистичко планирање што почнува со примена се регулираат состојбите за да не се дозволи, како што вели, главното урбанистичко биро да биде на Илинденска, во министерствата или општините, туку онаму каде што  треба – кај архитектите и планерите, да помине и низ каналите на локалната самоуправа  и јавноста.

Апелира  секогаш да се внимава на законитоста бидејќи, укажува, многу често заглавените предмети имаат и одредени пропусти и проблеми што апсолутно не смееме да дозволиме да се случат.

-Објектите од втора категорија што во најголем дел се градат во државата се во ингеренции на општините, а за тие од прва категорија Министерството за транспорт и врски и овој аспект секако е многу  важен за мене за надградба на Министерството со капацитет и кадар бидејќи и тука недостасува квалитетен кадар за кој веќе разговарав и со службите  и разговарам со луѓе кои се подготвени тука да дадат своја поддршка. Се работи за инженери и архитекти кои се подготвени да бидат од помош и да дадат  свој придонес во Министерството, вели Бочварски.
Во интервјуто што МИА утре ќе го објави во целот Бочварски зборува и за реализацијата на капиталните проекти, ветува фокус на изградбата на автопатот Кичево -Охрид, каде иако има работи на терен не е според посакуваната и планираната динамика со оглед на тоа што по препроектирањата треба да се одобрат инфаструктурни проекти и експропријацијата на земјиштето. Зборува и за плановите за откочување на изградбата на железничката делница Куманово-Бељаковце, а најавува и преселба во новиот објект на Министерството за транспорт откако ќе  заврши техничкиот прием за што веќе е формиран тим од овој ресор.
Next Post

Со Мавровка, Владата покажа цврста одлучност и треба така да продолжи, смета Николовски

EVN

НАЈНОВО

Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

January 28, 2026
Скриншот, видео Х

Прв официјален извештај за убиството на Алекс Прети: пукале двајца агенти на ICE

January 28, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk