ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими најави предвидливост во даночната политика и задржување на данокот на добивка на 10 отсто

September 16, 2020 12:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предвидливост во даночната политика – задржување на данокот на добивка од 10 отсто во следниот четиригодишен период, даночни бенефиции за извозниците преку нов закон за ДДВ, повластени стапки од 5 отсто за земјоделски производители и занаетчиите и подигнување на прагот за ДДВ обврзник на три милиони денари од 2022 година, најави министерот за финансии Фатмир Бесими за стопанството во својот четиригодишен мандат.

-Да гарантираме предвидливост во даночната политика, при што данокот на добивка да остане на ниво од 10  отсто во целиот период до 2024 година. Да го реконфигурираме данокот на додадена вредност преку серија мерки, започнувајќи со нов Закон за ДДВ кој ќе овозможи даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани, единствена стапка од 10  отсто ДДВ за сите ресторански услуги на што веќе интензивно работиме, ревидирање на стапките на ДДВ за суровините за домашните производители и намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании, намалување од 18 отсто на 5  отсто на данокот за занаетчиски услуги. Планирано е и подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 на 3 милиони денари годишен промет, почнувајќи од 1 јануари 2022 година и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет, рече министерот Бесими.

Тој најави дека ќе се започне процесот на намалување на парафискалните давачки до 75  отсто од сегашното ниво и нивно нивелирање во согласност со големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори.

За домашните и за странските компании најави и директна поддршка од Владата во износ од 300 милиони евра.

-Да обезбедиме директна поддршка на домашните и странските инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација на очекувани 300 милиони евра од европските фондови. Да го зголемиме обемот на финансиска поддршка за домашните компании преку Планот за економски раст за 25  отсто секоја година, во споредба со претходната. Да формираме посебен еквити фонд како поттик за влез на странски инвестициски фондови, истакна Бесими.

Тој додде дека ќе се посвети големо внимание на отчетно и транспарентно работење, а ќе се воведе и т.н. бела листа на даночни обврзници, односно компании кои редовно ги исплаќаат своите даночни обврски.

-Еден од главните столбови на овој систем мора да бидат транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. Транспарентност, изминатите години, е „клучен збор“ во политиката, но неговата реална вредност за јавните финансии е дека тоа е највисок степен на фискална контрола. Ние ќе ѝ ја дадеме релевантната информација на јавноста на едноставен и општо разбирлив начин, а јавноста ќе суди и цени дали тоа е вистинска, оправдана и легална одлука. Граѓаните се тие кои ги вработуваат пратениците, министрите и останатите функционери, граѓаните се тие коишто носат вредносен суд за нивната работа, како и за насоката во која ќе треба да дејствуваат институциите, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција.

Next Post

Во следните два дена промена на времето со пороен дожд и грмежи во јужните делови

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk