ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претставата „Телефонот на мртовецот“ в сабота во кумановскиот театар

September 16, 2020 14:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Кумановскиот театар ги покани кумановци в сабота во 20 часот да ја проследат претставата „Телефонот на мртовецот“ во која игра актерката Александра Пешевска. Таа годинава ја доби наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Пешевска на денешната прес-конференција рече дека ова е деветта претстава на која работи со режисерот Александар Ивановски, а улогата колку и да е тешка, толку се помни и остава впечаток и кај публиката и кај актерот.

– Да ги поканам да ја проследат претставата и ликот кој е награден на фестивалот да дојдат во кумановскиот театар. Улогата на Џин бараше исклучителен напор, но чувството уште кога ја подготвувавме беше истовремено убаво. Ова е деветта претстава на која работам со режисерот Александар Ивановски и точно знаев дека ќе биде габаритна улогата, но колку и да е тешка, толку повеќе ја помниш и повеќе остава впечаток и кај публиката и кај актерот. Беше големо задоволство да се работи и со режисерот и екипата, рече Пешевска. Актерката работи од студентски денови и има играно во преку педесетина претстави, претежно главни улоги.

Режисерот Ивановски на денешната прес-конференција кажа дека со Пешевска соработувале уште од студентски денови, нагласувајќи дека ова е првпат актер со кој соработува да добие високо признание-најдобро актерско остварување.

– Годинава сосема заслужено, зборувам со целиот интегритет од процесот на работа и неколкуте изведби пред кумановската публика, тоа место меѓу лауреатите ѝ припадна на Александра, актерка, која целата кариера ја поминува во кумановскиот театар и има креации кои се завидно, професионално, театарско ниво, рече Ивановски.

За кумановскиот театар, режисерот рече дека е задоволство да се работи, бидејќи актерите истражуваат, вклучително и со Пешевска за која рече дека е искрена кон публиката.

Претставата во Куманово беше изведена во февруари годинава. Драмскиот текст „Телефонот на мртовецот“ претставува свет во кој дискретниот хуманизам се распаѓа, дури и смртта ја губи својата конечност, се замаглува границата на тоа кој е мртов, кој е жив. Покрај Пешевска во оваа претстава играат и Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Владанка Димковска.

 

Next Post
Мицкоски со апликација на ликот на Заев со мустаќи на Делчев. Фото-монтажа

Преглед на вести во 15 часот: Мицкоски на вчерашниот протест во „монохрона“ верзија, Апасиев онлајн и Апасив офлајн, одземена документација од три фирми кои наменски отвориле портали без импресум...

НАЈНОВО

Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

November 4, 2025
Фото илустрација: EWB

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk