ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Изградба и рехабилитација на над 2.000 километри патишта во новиот мандат на Владата

September 18, 2020 10:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Уште повеќе инвестиции во инфраструктурата, изградба и рехабилитација на над 2.000 километри патишта во новиот мандат на Владата, соопштуваат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека Владата предводена од СДСМ, во наредните четири години ќе се посвети на високо ниво на реализација на капиталните инвестиции како услов за заздравување на домашната економијата.

„Инвестициите во инфраструктурата ќе се реализираат преку изградба и рехабилитација на над 2.000 километри патишта и тоа 250 километри автопатна мрежа, изградба на 300 километри експресни патишта, над 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и рехабилитација на околу 450 километри локални патишта.

Ќе се инвестира и во комуналната инфраструктура преку изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии, а истовремено утврдена е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови.

Фокус на Владата и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8, со започнување на втората и третата фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија, како и пуштањето во сообраќај на новата пруга од Битола до Кременица.

Приоритети се изградба на автопатот Кичево-Охрид, целосна реконструкција на патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан, започнување со постапка за проширување на автопатот Тетово-Гостивар. Истовремено се врши проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево како и со изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Во овој мандат ќе започне изградба на нови два експресни патишта: Смоквица-Струмица-Ново Село и Битола-граничен премин Меџитлија со обиколница Битола, а продолжува втората фаза на изградба на експресните патишта Штип-Радовиш, Штип-Кочани, Ранковце-Крива Паланка и Градско-Прилеп.

Со подобрување на урбанистичкото планирање ќе се обезбеди вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот, каде нема повеќе да се дозволува узурпација на просторот.“, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Next Post

(ВИДЕО) Москва погодена од ураган

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk