ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Новите генерации заборавија на Холокаустот – 63 отсто од младите во САД не знаат за 6 милиони убиени Евреи

September 19, 2020 10:44
in ДЕНЕС, СВЕТ
Концентрациониот камп Аушвиц-Биркенау | Фото: Бојан Блажевски

Концентрациониот камп Аушвиц-Биркенау | Фото: Бојан Блажевски

Share on FacebookShare on Twitter

Тажни бројки за сеќавањето за масовното, систематско убивање на околу 6 милиони Евреи во текот на Втората светска војна од страна нацистичкиот режим во Германија. Анкетно истражување на 1.000 млади лица на возраст од 18 до 39 години во САД покажа дека 63 отсто од младите не знаат дека 6 милиони Евреи биле убиени за време на Холокаустот, пренесува весникот „Гардијан“.

Лондонскиот весник го оквалификува како шокантно нивото на игнорирање на најголемото злосторство на XX век кај младите. Речиси половина (48 отсто) од испитаниците од Генерацијата З и милениумците не можеле да набројат барем еден концентрационен камп или гето што било подигнато од нацистичкиот режим во Европа. Воедно, речиси една четвртина од интервјуираните млади (23 отсто) веруваат дека Холокаустот е мит, претерано нагласуван или не се сигурни во неговото постоење. Воедно, 12 отсто од младите испитаници рекле дека дефинитивно не слушнале или не мислат дека слушнале за Холокаустот.

Повеќе од половина (56 отсто) од младите во ова истражување изјавиле дека виделе нацистички симболи на социјалните мрежи преку кои комуницираат или во нивната околина, додека 49 отсто од нив се запознале со објави на социјалните мрежи или на Интернет што го негираат или го релативизираат Холокаустот. Во оваа смисла, 36 отсто од младите Американци што учествувале во истражувањето одговориле дека мислеле оти има помалку од 2 милиони убиени во Холокаустот.

На национално ниво, во истражувањето младите биле прашани дали можат да набројат барем еден од концентрационите кампови низ Европа. Од оние што биле прашани, 44 отсто можеле да го идентификуваат Аушвиц-Биркенау, додека само 3 отсто споменале дека се запознаени со Берген-Белсен. И покрај ваквите поразителни резултати, истражувањето покажало дека 64 отсто од интервјуираните млади од САД веруваат дека едукацијата за Холокаустот треба да постане задолжителна во американските училишта.

Покрај ваквата искра светлина во спроведеното истражување, малку надеж може да влеат и официјалните податоци кои покажуваат дека 2.320.000 лица лани го посетиле концентрациониот камп Аушвиц-Биркенау, што е рекорден број на посетители и ја надминува за околу 170.000 бројката во однос на претходната рекордна година – 2018, покажуваат податоците на музејската управа која раководи со меморијалниот комплекс во полскиот град Ошвјенким.

Официјалните податоци покажуваат дека лани пораснал интересот и за меморијалниот комплекс Аушвиц-Биркенау, па така над 900.000 лица го следат профилот на Твитер на музејската установа, над 300.000 лица го следат профилот на Фејсбук и 80.000 на Инстаграм. Влезот и разгледувањето на остатоците од концентрациониот камп Аушвиц-Биркенау е бесплатен за посетителите, исто како и автобускиот превоз меѓу објектите од концентрациониот камп во градот Ошвјенким.

Сепак, не треба да се изостави и фактот дека огромното мнозинство од посетителите на кампот им плаќаат на туристичките агенции за да ја посетат оваа траорна локација, во рамките на нивните кружни тури низ Полска или останатите земји од Европа, што наидува на критика од стручната јавност.

извор: МЕТА

 

Next Post

Во невремето во Грција загинаа две лица

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk