ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Совет на амбасадори: Меморандумот на Бугарија е неприфатлив и штетен за добрососедските односи

September 19, 2020 18:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на амбасадори на Република Северна Македонија го смета за целосно неприфатлив и штетен за добрососедските односи текстот на објаснувачкиот меморандум на Бугарија упатен до членките на ЕУ.

– Тој содржи една идеолошка позиција на Република Бугарија од времето на комунизмот во времето на Тодор Живков и од таа позиција се обвинува денешна Република Северна Македонија дека „не раскинала со идеолошкото наследство на комунистичка Југославија“.

Владите на Република Бугарија и Република Северна Македонија со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство направија голем исчекор во подобрувањето на односите меѓу двете земји и ги поставија основите за успешна взаемна соработка врз основа на почитувањето на европските вредности и цели. Европските вредности и цели не подразбираат негирање на посебноста на кој било јазик ниту националност во ЕУ, ниту пак инсистирањето на таквото негирање од било кој сосед, може да биде пречка за напредокот на Македонија во процесот на нејзиното зачленување во ЕУ, се наведува во денешното соопштение.

Советот на амбасадори е уверен дека земјите членки на ЕУ ќе го разгледаат внимателно објаснувачкиот меморандум од Бугарија и оти нема да дозволат ваквите идеолошки позиции да влијаат врз преговарачката рамка на ЕУ за членство на Северна Македонија во ЕУ и врз процесот за нејзиното целосно вклучување во ЕУ.

Советот на мабасадори оценува дека различните интерпретации на историјата и на постанокот на јазикот и на нацијата се делокруг од работата на Комисијата за историски прашања и оти секој обид, од чија било страна политички да се арбитрира во нејзината работа, само ја усложува и отежнува нејзината работа.

– Различните историски интерпретации и кога постојат не можат да се толкуваат како еднострано “фалсификување на историјата“ и како „опстојување во Република Северна Македонија на „државна антибугарска идеологија“. Република Северна Македонија докажа и докажува дека се однесува најпријателски кон бугарскиот народ и кон Република Бугарија и искажува големо  почитување кон бугарскиот јазик, бугарската национална култура и кон бугарската национална историја. Република Северна Македонија од  Република Бугарија не очекува ништо помалку ниту ништо повеќе од тоа, велат од Советот на амбасадори.

Next Post
GrigorukPhoto.com

Во Белорусија уапсени десетици демонстранти

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk