ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Заврши 35-тото издание на „Макфест”, главната награда во рацете на „Нокаут“

Додека стручното жири гласаше, со сопствена шоу програма се претстави Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе, инаку поранешен победник на „Макфест“ со песната „Време за плачење“.

September 20, 2020 16:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter
Вчера во Штип заврши 35 издание на фестивалот на музика „Макфест 2020“. Победник е Нокаут со песната „Сакам да живеам“ за која доби парична награда од 5000 евра, втората награда и 3000 евра ги доби Ѓоко Танески за песната „Ден по ден“ и трета награда ја доби песната „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски за кои доби 1000 евра.

Никола Перевски-Пере од Нокаут по прогласувањето на победниците кажа дека ова е награда по 24 години работа.
„По 24 години конечно нешто да освоиме, публиката тоа го забележа, дека има некаков квалитет, што сме го направиле. Се разбира тука е жирото кое гласаше за нас и веројатно жирито, тоа го почуствувало. Најважно е за мене да почуствува песната, да се пренесе енергијата, кај публиката, еве и кај жирито и сметам дека е заслужено“ кажа Пере од Нокаут.
Најдобар сценски настап имаше Виктор Апостоловски за песната „Срца камени“, дебитант „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“ ја доби младата пејачка Полина за песната „Се се врти во круг“ а наградата за најдобра аранжман „Драган Ѓаконовски-Шпато“ ја доби Иле Спасев за песната „За нас“.
Годинава не се додели наградата за најдобра вокална интерпретација заради пандемијата и неможноста пејачите да пејат во живо.
Додека стручното жири гласаше, со сопствена шоу програма се претстави Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе, инаку поранешен победник на „Макфест“ со песната „Време за плачење“.
Што се однесува за почитувањето на здравствените протоколи фестивалот беше беспрекорно организиран. Волонтерите на ОО Црвен Крст постојано беа меѓу публиката, кои предупредуваа на држење дистанца и задолжително носење на заштитни маски. Во контекст на ова, организаторот со поддршка на фирмата „Мултихем“ обезбеди дезинфекциони средства за публиката, а долгогодишниот поддржувач на фестивалот „ЕАМ“ обезбеди заштитни маски. Фестивалот го поддржа и „Кит-го“, „Витаминка“, хотел „Гогов“,„Телекабел“ и „Брилијант„.
„Штип покажа дека знае и може да организира јубилеен фестивал и во услови на светската пандемија. Макфест останува еден од најголемите музички настани со многу важна музичка продукција,” изјави заменик градоначалникот Јане Миланов.
Организациониот одбор, искусен со децении, предводен од техничкиот раководител Кирил Панајотов, стори се што може, да обезбеди следење на фестивалот согласно сите стандарди и норми, но и да овозможи непречено одвивање на сите активности на сцената како и зад неа, во бекстејџот.
Годинава фестивалот го следеше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, поранешен градоначалник на Штип. Годинашниов 35 роденден на „Макфест“ се оддржа на градскиот плоштад, под отворено небо, како резултат на светската пандемија, но и интересна промена која внесе свежина токму на големиот јубилеј. На првата ревијална вечер, осуммина изведувачи потсетија на некои од најголемите хитови на фестивалот низ годините.
Next Post

После второто силување на 63 годишна жена, велешанец доби притвор

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk