ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од утре започнува Меѓународниот фестивал „Отело“, сцената под отворено небо

September 21, 2020 17:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На летна сцена и со гледалиште под отворено небо ќе се одржи четвртиот по ред театарски фестивал „Отело“. Организаторот, Здружението за култура „Отело“, денеска ја најави програмата и ги претстави учесниците на годинешното издание. Преставите почнуваат во 20 часот, а влезот е слободен.

Фестивалот ќе го отвори претставата „Кокошка“ во изведба на театарот „Сфумато“ од Софија, по текст на Антон П. Чехов и во режија на Ана Батева.

Годинава за ова издание ќе се прави посебна сцена во непосредна близина на гостиварската патарина на паркингот пред хотелот „Игнација“.

Најголем проблем било да се обезбедат услови за одигрување на претставите, но и да најдат претстави кои ги играат помалубројни екипи.

– Оваа година успеавме да обезбедиме учество на повеќе театри од Балканот со што на театарската публика ќе ѝ овозможиме ново театарско искуство. Предвидени се пет претстави кои ќе конкурираат за некоја од наградите. Беше навистина напорно да се усогласат уметничките видувања и протоколите за заштита, но сметам дека сепак ќе успееме, изјави Берат Салиу продуцент на фестивалот.
Љубителите на театарската игра од  22 септември  до 26 септември покрај „Кокошка“ ќе можат да ги видат и претставите: во среда „Зоолошка приказна“ копродукција на Тетовскиот театар и Тетовскиот универзитет во режија на Гент Чајана, во четврток со „Не ми го чепкај пивото“ ќе настапи театарот „Златен Елец“ на четвртата вечер на сцената ќе излезе актерската екипа на градскиот театар од Прешево, Србија со претставата „Мистерија“ на Алдо де Бенедети и во режија на Афеида Боричи Мемемти. На затварањето предвидено да се одигра делото на Јоргос „Не слушам, Не гледам, Не зборувам“ во режија на Доналд Хасани и Валдрин Асани и продукција на ДВШ Тирана, Албанија.

По завршувањето на фестивалот, на последната вечер ќе бидат доделени и наградите: Најдобра претстава, најдобар режисер, најдобар актер и актерка.

Next Post

Пратениците на БЕСА независни, но остануваат во коалиција со СДСМ

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk