ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, најголемиот предизвик останува пандемијата со Ковид-19

September 23, 2020 17:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема индиции дека би можел да биде загрозен територијалниот интегритет. Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид-19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност.

Тој истакна дека надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбденосен проблем, вклучувајќи и евентуално нов бран на мигрантска криза.

Според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата кој ќе има влијание на општата безбедност во земјата. Важно е рече тој, да се одбележи дека и нововоспоставениот Совет за координација на службите е функционален и има своја редовна динамика на средби и активности.

На првиот состанок на Советот за безбедност по составувањето на новата Влада и зачленувањето на земјата во НАТО се разгледани и безбедносните импликации со воведувањето на 5Г технологијата. Заклучено е Владата и надлежните институции доследно да ги почитуваат правилата и препораките на Алијансата. Министерството за надворешни работи ќе треба да започне со подготовка на меморандум за разбирање, сличен по содржина на меморандумите што ги потпишале државите од регионот и земји членки на Алијансата.

– Како членка на НАТО сега сме обврзани да ги следиме сите безбедносни протоколи на Алијансата и тоа како во однос на безбедносниот беграунд на лицата кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето на дигитални технологии кои имаат цели и вредности кои се некомпитабилни со целите и вредностите на западната Алијанса, рече Пендаровски.

На новинарско прашање тој појасни дека нашиот Телеком пред неколку месеци бил во фаза на подготовка на тендер  за обезбедување на  оператори провајдери на тој тип услуги, но  поради Ковидот постапката била успорена и не е завршена.

– Но, јасно е дека сите оператори во оваа сфера мораат да водат сметка за она што се наши национални и она што се наши државни обврски. Како членка на НАТО од март наваму ние имаме сосема поинаква ситуација и статус во однос на набавката на тн. чувствителни  дигитални технологии. Во тој дел одиме прво со меморандумот  за разбирање кој ќе биде потпишан и со  кој ќе биде определена главната  магистрала по која ќе се движиме и во која ќе кажеме  начелно на ниво на принципи, кој може, а кој неможе да влезе во трката и да ја обезбедува таа технологија на територијата  на нашата држава  со која ќе ја изразиме нашата  политичка волја  од каде мислиме  да набавуваме таква технологија , потоа ќе треба да се  операционализира  и да се смени цела серија закони – Законот за електорнски комуникации, можеби Законот за јавни набавки  чувствителни области, области во одбраната, рече Пендаровски.

Во однос на мерките за справување со пандмијата тој изјави дека во моментов не само кај нас во државата, генерално во Европа и светот е дека има многу малку држави кои влегуваат во иста ригидност во однос на мерките како пред три или четири месеци во кои бевме и ние со 96-часовен поициски час, но вели, и ако дојде до поголема бројка на заразени, државата треба да има стратегија тоа да го рашават со друг сет мерки, бидејќи  економски се ннеиздржливи.

– Било која држава и најјаките економии луѓето ментално тоа не можат да го издржат. Јас се согласувам негде да затегнеме, негде да попуштиме,  меѓутоа на системско ниво, на ниво на  цела територија  мислам дека тоа што го поминавме  треба да остане во историјата, истакна Пендаровски.

На состанокот на Советот за безбедност станало збор и за инцидентот од пред 15 дена со откирната терористичка келија од страна на службите за безбедност и истакна оти битно е што групата е сосечена во корен и оти нема индиција за други такви групи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Попладневен преглед на вести: Раст на бројот на заболени и починати од Ковид-19, обвинувања на Твитер: Д-р Вело Марковски, новиот член ИК на ВМРО -ДПМНЕ сексуален предатор?

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголемиот дел од светот ќе види 82-минутна „Крвава Месечина“ овој месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk