ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Брз, одлучен и конкретен чекор за спас на материјалното културно богатство, но ист третман бара и нематеријалното

Сакам да ја пофалам постапката на новата министерка, д-р Ирена Стефоска (која, патем, не ја познавам лично, но сум запознаена со нејзината научно-истражувачка дејност преку литературата, заради блискоста со мојата), зашто за прв пат препознав јасен сигнал за решеност за вистинско менување на состојбите на полето на културното наследство. Не дека досега не се зборувало на темава и не дека не постоеле индивидуални и институционални заложби, но јас барем не сум видела ваков брз, одлучен и конкретен чекор за спас на материјалното културно богатство.

September 24, 2020 15:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ФРОНТ
фотографија од: Литература.мк

фотографија од: Литература.мк

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКА КОСТИЌ МАРКОВИЌ

Мислев дали да споменам, зашто кај нас полесно се поднесуваат критики отколку фалби, но после цел ден размислување, сепак решив.

Зошто се мислев?

Затоа што ваквите искрени писанија, во нашето општество редовно се толкуваат како вовлекувања, се сомничат за позадински шеми или не знам што, но од друга страна искуствата ми говорат и дека кога се премолчуваат, тие завршуваат на рамената на некои трети лица, како моден детаљ наречен „Туѓи перја“.  Но, како и да е, навикната сум и на критики и на пофалби, што не е толку важно, колку она што сакам да го кажам.

Едноставно, сакам да ја пофалам постапката на новата министерка, д-р Ирена Стефоска (која, патем, не ја познавам лично, но сум запознаена со нејзината научно-истражувачка дејност преку литературата, заради блискоста со мојата), зашто за прв пат препознав јасен сигнал за решеност за вистинско менување на состојбите на полето на културното наследство. Не дека досега не се зборувало на темава и не дека не постоеле индивидуални и институционални заложби, но јас барем не сум видела ваков брз, одлучен и конкретен чекор за спас на материјалното културно богатство. Тоа е нејзиниот домен на професионално делување и сите ние би биле далеку најсреќни доколку и досега секој министер се однесуваше токму така – одлучно од најсилното свое упориште, личниот професионален ареал. (А за жал, во овие три децении паметиме и многу министри што воопшто не потекнуваа од доменот на културата и уметноста, не, пак, да очекуваме исправни потези). Искрено се надевам дека актуелната министерка нема да застане на овој сегмент од националното богатство – материјалната култура, туку дека ќе се вложи во зачувување на, за мене уште поалармантното и поделикатното, нематеријално богатство и дека ќе ја извлече од маргините и македонската музичка наука. И не само да го сочува она што се создавао во минатото, туку да го чува она што се создава денес, а има национално значење, како и да поттикнува да се создава ново творештво со таков предзнак.

Повторно ќе подвлечам дека постојат луѓе и институции, кои вака или онака, чуваат материјали од нематеријалното културно наследство, а тоа се НУБ, МАНУ, ФМУ, Институтот за фолклор, МРТВ, Кинотека, Вардар Филм, приватните колекционери…), но ние немаме еден центар задолжен за архивирање на ова богатство. Центар кој ќе биде исклучиво со таа намена и ќе работи по светските стандарди кои важат за светските музички архиви. Ние немаме Музиколошки институт, немаме Национален центар за дигитализација, немаме опремен музички оддел во Државниот архив, нема репродуктори, конвертори, нема „Диџитал мас сториџ системи“, физички безбеден простор за чување, нема соодветни бази на податоци и што е најважно, овие материјали не се достапни за јавноста.

Со таков богат фолклор, со такво нематеријално наследство, со таков ансамбл како „Танец“ и вредни фундуси на песни, свирки, ора, обичаи и секако нивниот неотуѓив материјален дел во носии, народни инструменти, аудио, фото и видео документација? Треба ли да зборувам колкава е потребата од едно вакво национално средиште за собирање и чување на највредните културни добра? А сите имаме потреба. Имаме потреба и од музички легати, кои во соседните држави ги има во изобилство. Обичните луѓе прашуваат.

Фотографија од архивата на „Танец“

Само ќе споменам два примера.

Во 2013-та кога на иницијатива на семејството на Илија Николовски-Луј, МБУЦ и СОКОМ правев документарен филм за 100-годишнината од раѓањето на „таткото“ на музичкото училиште, воедно и на првите македонски музички педагози, неговата ќерка ме праша дали некој би сакал да го има неговиот клавир. Јас без размислување и реков дека тој треба да стои во неговата матична институција, школото што го носи неговото име. Ете така се случи МБУЦ да добие прекрасно катче –легат на Луј на самиот влез во училиштето. Останатиот хартиен материјал го однесовме во СОКОМ.

Исто така, кога во 2016-та бев Претседател на Управниот одбор на Македонската филхармонија и кога ми се обрати роднина на починатиот маестро Лековски со молба да најдам институција во која ќе го депонираат неговиот легат, а инсистираа брзо да најдат место за кутиите со неговите материјали, јас без дилема го замолив директорот на Филхармонијата да ги превземе, макар физички да ги чува до моментот на нивно превземање од некоја надлежна институција.

Последниот мој напор за превземање на ваквите материјали и размислување за активирање на музички центар за архивирање беше пред повеќе од една година, односно кога за директор на Државниот архив беше назначен д-р Емил Крстески.

Бранка К. Марковиќ и директорот на Државен Архив, Емил Крстески. Фотографија од архивата на „Танец“

Тој, како човек од културата и новинарството имаш големо разбирање за проблемот и ми даде цврсти уверувања дека ќе се заложи вистински да го заживее и развие овој сегмент. Искрено се надевам дека тоа и ќе се случи, зашто лично сметам дека тоа е институцијата која треба да стане собирен центар на сите материјали од сите институции.

Ги споменувам овие работи, не заради себе, туку заради општа добробит и со искрена надеж дека ќе допре до најповиканите. Мораме да имаме национална стратегија за спас на нематеријалното културно богатсво. Знам дека има тело и во Министерството за култура кое работи во доменот и дека секој гореспоменат дава свој придонес, но сметам дека вака парцијално, разединето, интеринституционално, непостојано, со нејасни државни приоритети, не смееме да одиме и натаму. Зашто и натаму секој ќе ја разграбува историјата, зашто и натаму ќе се пејат турбо-фолк песни и натаму ќе се присвојуваат културните артефакти на оваа плодна територија. Никој не ни е крив за неправдите, туку исклучиво ние.

Еве, поминаа 18 години (буквално полнолетство), откако во 2002 година магистрирав етномузикологија, бранејќи ја темата Теоретските и практичните консеквенци од дигитализацијата на колекцијата „Фирфов“. Учествав во неколку меѓународни научно-истражувачки и уметнички проекти финансирани од Европската унија и Швајцарија и дузина претставувања на меѓународни симпозиуми, конференции и разни форуми, во земјата и странство, каде ја афирмирав (повеќе алармирав) важноста од соодветно дигитализирање и архивирање на најважното нематеријално богатство на една земја, музичко-фолклорното наследство кое беше и сѐ уште е во распаѓање. Како стручен соработник – етномузиколог на проектот кој го водеше проф. д-р Димитрије Бужаровски на ФМУ во Скопје, поддржан од Швајцарската фондација за наука, дигитализирав речиси над 1000 песни од приватната збирка на еден од корифеите на македонската етномузикологија, Живко Фирфов и врз основа на нив развив методологија и креирав дигитална база за архивирање на музичкиот фолклор (содржана е во магистерскиот труд), која денес е вклучена и во наставата на Факултетот за музичка уметност во Белград. Во 2003-та година бев и координатор и прв претседател на Советот за архивирање на македонското музичко наследство, основан на ФМУ.

Снимка од екран од веб страницата на IRAM (Институт за истражување и архивирање на мизиката).

Секаде ја истакнував потребата од национален консензус за спасување на најважниот сегмент од македонската култура, дури и кога како студент од првата генерација на одделот по етномузикологија на факултетот во Скопје (последен отворен во поранешните југословенски републики, токму во годината на осамостојувањето) се обраќав со лични барања да користам снимки од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, „Македонското радио“ и секаде каде можев. Но, без исклучок ми велеа дека снимките се на кревки носачи (со апсурдни објаснувања како она дека тие и на странци не им ги давале, не пак на некој студент како мене), дека лентите се пред ронење на магнетната емулзија или веќе не постои соодветен апарат за нивна репродукција. А којзнае колкумина како мене тропнале на затворена врата. А од друга страна, во Белград, без никаков проблем добив на преснимување „пита“ со стари снимки, лично од тогашниот управител на Музиколошкиот институт на САНУ, неодамна починатиот академик Димитрије Стефановиќ. Апсурд до апсурд. Потоа имав шанса да наидам на разбирање во меѓународни рамки, а тој глас го ширев и на Факултетот за музичка уметност во Штип, каде од 2007 до 2010-та година предавав на Одделот за етнокореологија, предавајќи предмети од областа на етномузикологијата. Се надевам дека на студентите барем малку им ја втиснав свесноста за потребата од чување на најголемите богатства од нашата културна историја.

Бранка К. Марковиќ и директорот на „Танец“, Мартин Вучиќ. Фотографија од архивата на Танец

Еве, среќна сум што денес повеќе од десетина од нив ми станаа колеги во „Танец“, и каде повторно како етномузиколог, но сега како уметнички раководител-координатор ќе можам повторно, заедно со нив, но и со сите вработени и раковни луѓе, да ја бијам битката за афирмација и вистинско чување на националното богатсво. Морам да го изразам задоволството што со актуелниот директор на „Танец“ сме на иста линија и што веќе овие усилби се гледаат на дело. Успеавме мината година да го спроведеме проектот за заштита на културното и нематеријално наследство на „Танец“ преку снимањето, архивирањето и презентирањето на сите десет концерти од јубилејната сезона на институцијата (сите можевте да ги видите онлајн), да ја издадеме монографијата со десетте антологиски кореографии на ансамблот, која изобилува со богат нов и стар архивски фотографски материјал, а во овој пандемиски период стигна и многу важна владина одлука за нов достоинствен концертен дом на „Танец“, по мерка на неговата голема и важност. Како за почеток на новите струења во областа, повеќе од добро, но со надеж за многу подобро.


 

Фејсбук пост од Бранка Костиќ Марковиќ, пренесен со нејзина согласност. Фотографиите се од архивите на „Танец“ и Литература.мк.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk