ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јаневски: Корона кризата ги извади на површина слабостите во домашниот туризам

September 25, 2020 08:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Недоволно содржини, атракции, сместувања, услуга, управување со отпад и придржување до протоколите, се само дел од сегментите што ќе мора брзо да ги подобриме ако сакаме во викендите до крајот на годината да имаме туристи во домашните капацитети. Сезони веќе не постојат, корона кризата измести се. Падот во секторот е на очекувано ниво и во рамки на европскиот просек од – 67 отсто во бројот на гости и 56 проценти во бројот на остварени ноќевања. Има простор за оптимизам дека зацртаната цел е возможна – достигнување два милиона ноќевања во 2020 година.

Ова го истакнува директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, во интервју за МИА.

Според Јаневски, во првата половина од 2020 година во македонската економија се влеале 100,7 милиони долари што е намалување од 34,7 проценти споредено со истиот период лани.

Јаневски смета дека државната помош за секторот дојде навреме, а претстојниот четврти пакет мерки не треба да биде линеарен, туку треба да овозможи помош со тоа што ќе го земе предвид остварениот промет во изминатиот трет квартал.

За вистинско закрепнување на туризмот, оценува директорот на Агенцијата, потребно е подобрување на законската легислатива преку воведување повеќе системски решенија кои ќе ги опфатат слабите точки дефинирани за време на КОВИД-кризата, но неопходен е и нов модел на субвенционирање кој нема да базира на квантитет на туристи, туку ќе овозможи долгорочна оддржливост и подобрување на квалитетот на услугата и сместувањето со што би станале конкурентна дестинација во регионот.

-Туристичките места се исполнија со домашни туристи и веќе од втората половина на јули сместувачките капацитети беа максимално пополнети. Притоа, голем број дестинации ги покажаа нашите недостатоци и на површина излезе слабото управување со туристичките дестинации. Бидејќи годинава претежно се потпираме на домашниот туризам, мерењата се во поглед на бројот на остварени ноќевања за кои очекуваме да имаат пад во 2020 година од 30-35 отсто во поглед на минатата година, што би се сметало за успех доколку ги земеме предвид најавите за процентуалниот европски, па и светски пад на туризмот, вели Јаневски.

 

Тој се согласува дека поради концептот на работа и специфичноста на туристичката дејност, најголем удар претрпуваат туристичките агенции. Немаа, вели, време да се прилагодат на моменталната состојба поради неможноста за патувања и откажувањето на сите дојдовни тури планирани за летната сезона 2020.

На хотелите во градовите и надвор од туристичките места, смета директорот, веднаш треба им се врати туристичката такса од 2019 година како неповратна помош и да се асистира за надминување на кризата со дополнителна поддршка за вработените.

-Хотелите во Скопје, Гевгелија, Битола… работат со капацитет од 10-15% и тука реално треба да се помогне. Четвртиот сет на мерки во туризмот не треба да биде линеарен, туку да овозможи помош со тоа што ќе го земе предвид остварениот промет во изминатиот трет квартал, а тоа ќе се постигне со спроведување на добра анализа за добиените и очекувани ефекти на краток рок, напоменува Јаневски.

Закрепнувањето на туризмот во периодот што следи, треба да базира на неколку столбови.

-Основата треба да биде “зеленa” и да овозможи оддржливост на секторот. Во март веќе беше јасно дека ќе биде потребна државна помош на туристичкиот сектор која според мене дојде на време преку три сета на мерки кои примарно имаа цел да ги задржат сите работни места во туристичкиот сектор. Но, за да овозможиме во вистинска смисла закрепнување на туризмот, потребно е подобрување на законската легислатива со воведување на повеќе системски решенија кои ќе ги опфатат слабите точки дефинирани во текот на оваа криза и ќе резултираат до добро регулиран пазар растеретен од сивата економија. Потребен е нов модел на субвенционирање кој нема да се базира на квантитет на туристи, туку ќе овозможи долгорочна оддржливост и подобрување на квалитетот на услугата и сместувањето, овозможувајки да станеме конкурентна дестинација во регионот, заклчувува Јаневски и порачува дека пресуден елемент за одлуката на туристите која дестинација ќе ја посетат во 2021 година, ќе биде сигурноста на таа дестинацијата и можноста да се справи со КОВИД.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Трамп го презентираше планот за здравствена реформа, но без детали

НАЈНОВО

Лукашенко негира вмешаност на Белорусија во инцидентите со дронови над Полска и Литванија

September 16, 2025
Фото: Скриншот, видео на Х

(ВИДЕО) Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

September 16, 2025

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk