ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Втора ноќ протести во САД поради пресудата за убиството на Бријана Тејлор

September 25, 2020 10:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Протестите против расизмот во Луисвил, Кентаки, продолжија синоќа, втора вечер по ред, откако тројца полицајци беа ослободени од обвиненијата за убиството на Афроамериканката Бријана Тејлор.

Откако стапи во сила полицискиот час и полицијата ги прогласи собирите за незаконски, група од 300 демонстранти маршираа низ градот и застанаа пред Првата унитаристичка црква. Некои демонстранти ги искршија прозорците на неколку локални бизниси и болници. Но, собирот пред црквата беше мирен во споредба со претходната вечер во најголемиот град во американската сојузна држава Кентаки.

„Најмалку 24 лица беа уапсени во текот на ноќта под обвинение за нелегално собирање и бунт од прв степен“, соопшти полицијата во Луисвил.

Двајца полицајци беа ранети со огнено оружје првата вечер на протестот, кога полицијата уапси 127 лица. Двајцата полицајци се во стабилна здравствена состојба.

Тројцата полицајци, кои упаднаа во станот на Афроамериканката Бријана Тејлор за време на рација во Луисвил на 13 март и ја усмртија со огнено оружје, во средата беа ослободени од обвинението за нејзината смрт, што повторно предизвика протестни собири на улиците на најголемиот град во американската држава Кентаки. .

Џонатан Метингли и Мајлс Косгроув беа целосно ослободени од каква било вина, додека Брет Ханкинсон е обвинет за загрозување од небрежност на човечки животи затоа што некои од неговите истрели го загрозија семејството во соседниот стан.

Тројцата полицајци, кои не носеле униформи за време на рацијата поврзана со нелегална продажба на наркотици, на 13 март, нешто по полноќ, ја разбудиле 26-годишната медицинска сестра и нејзиниот партнер Кенет Вокер и користеле т.н. „овен“ со кој упаднале во станот, за што имале важечка судска наредба под сомнение дека станот е местото каде што поранешниот партнер на Бријана Тејлор и осуден дилер на дрога Џамаркус Гловер добивал пакети.

Партнерот на Бријан испукал предупредувачки куршум, бидејќи полицајците не се идентификувале и мислел дека станува збор за криминалци.

Градот Луисвил на семејството на Бријана ќе исплати 12 милиони долари отштета за отфрлање на тужбата против полицајците.

Next Post

Маричиќ: Ќе се подготвува закон за вонредна и воена состојба

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk