ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Се движиме на едно стабилно задолжување на државата, четвртиот пакет мерки нема да има сериозен импакт на зголемувањето на јавниот долг

September 27, 2020 15:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту можеме ниту сакаме во моментов да пресметаме колку четвртиот пакет на мерки ќе влијае, но дефинитивно нема да има сериозен импакт на зголемувањето на јавниот долг заради тоа што сите пресметки од Министерството за финансии и за време на техничката влада  и сега за време на новата Влада се прават комплетно за да се сервисираат сите доспевања на долговите на државата, сите расходни ставки на државата, па се прави кратење каде што е можно, а потоа се повлекува ново кредитно задолжување. Се движиме отприлика  на едно стабилно задолжување на државата со конечна цел да пребродиме квид кризата, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Прв приорите на светот, како што нагласи, е поддршка и помош, а потоа секако води и грижа колку ќе расте јавниот долг на секоја земја.

-Така се водиме и ние како и сите други земји. Немаме пресметки за процентуалното зголемување на јавниот долг од проста причина што истовремено се враќаат доспеани рати. Јавниот долг се пресметува од БДП, а БДП сигурно ќе го одржиме со ваквата помош на економијата што е предвидена во четвртиот сет на мерки. Тој може да биде одржлив и дај Боже да расте во третиот и посебно во четвртиот квартал во кој очекуваме раст на БДП. Ако порасне БДП на апсолутен износ јавниот долг паѓа, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешнат апрес-конференција на која го презентираше четвртиот сет на мерки за помош на стопанството и граѓаните.

Парите за четвртиот сет мерки вреден 470 милони евра, како што рече, ќе бидат обезбедени од кратења на расходната ставка на Буџетот и додаде дека сите министри работат да ги скратат сите трошења што не се најитни и немаат никакво влијание во позитивно поддршка на стопанството во целиот овој период и дел се кредити.

-Имаме 100 мииони од ЕИБ, има од ЕУ, дел наши додавања, некаде вкупната рефлекција е 160 милиони евра од Буџетот, а сето друго е одложување аконтации, дел кредити. Водиме грижа и за јавнито долг и оваа година е таа што ја зборуваме од 2015 година, кога доспеваат најмногу наши обврски и враќање 1,147 милијарди евра. Редовно се сервисираат обврските и покрај тоа што враќањето се погоди и со ковид  кризата, но заедно со перформансите на миистерот за финансии и сите министри правиме пакети кои се важни за поддршка на граѓаните, вработените и стопанствоот со цел да останат на нозе и заедно да го пребродиме овој период. Како земја со пониска задолженост се води грижа за кратењето на трошоците да биде така избалансирано за да можеме да бидеме подготвени и за периодот што доаѓа во 2021 година, рече Заев.

Прашан дали опозицијата била консултирана за четвртиот сет на мерки и дали ќе го поддржи, премиерот Заев рече дека имал прилика да разговара во Парламентот и да слуша што апелираат.

-Сето што тие апелираа мислам дека е вградено во мерките, ако не 100-процентно, тогаш едно 80 до 90 отсто е вградено. Заради тоа меѓудругото и е вака широка лепезата на мерки – вкупно 31. Оставив простор и во следниот период да разговараме. Паѓаат паметни предлози од сите без разлика дали се политички субјекти, коморите, работниците преку синдикатите, работодавачите, експертите, универзитетските професори и верувма дека слушајќи го гласот на сите општествени чинители ќе ја погодиме максимално работата за да поддржиме и помогнеме таму каде што најмногу треба, потенцира Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk