ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Најмалку 145 милиони евра досега завршија кај стопанството

September 29, 2020 15:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 145 милиони евра досега завршиле кај стопанството со претходните пакети со мерки за помош, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Има одреден сегмент на даночни олеснувања  со финансиски импликации затоа што одреден товар од страна на стопанствениците се одзема, но тој спаѓа на страна на буџетот.  Во овој момент со брза калкулација со сигурност тврдам дека најмалу 145 милиони евра се  веќе вбризгани во стопанството.  Од нив 79 милиони беа кредитни средства во субвенции на плати кои одеа кај компанииите.Тука не ги набројувм платежните картички од 27,6 милиони кои на крај завршија кај стопанствениците, затоа што  беа дадени на граѓаните, но тие завршија  кај стопанствениците.  Тука се и бескаматните линии, односно траншата од Европската  инвестициска банка од 50 милиони евра  кои беа пласирани и легнати на сметките на стопанствениците.  Зборуваме за отприлика околу 150 милиони евра, рече Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата,

Во претходниот сет економски  мерки преку мерката за плати биле поддржани преку 20 илјади компании кои вработуваат 120 илјади вработени. Таа мерка ќе продолжи и во поселдниот вартал годинава.

– Спас на работни места кои не се само бројка за секое работно место   за нас стои  наш граѓанин или  граѓанка кому му  е неопходна  помош. Но, солидарната помош е битна  и за  малите фирми за   занаетчиите, самовработените   за кои помкошта значи   преживување на оваа криза, време во кое тие  знаат дека може да сметаат  на  помош на државата. Токму поради ова  мерката за поддршка за исплата на плати ќе продолжи и во последниот квартал односно  до крајот на годината за месеците  октомври, ноември и декември годинава, рече Битиќи.

Има, како што укажа вицепремиерот, мали измени во методологијата за добивање на помошта за исплата на плати, која ќе се спроведува скалесто  согласно падот на приходите  кај компаниите.  Периодот на пад на приходите  ќе се пресметува за периодот од април до август 2020 година споредено со истиот период од минатата година.

Компаниите кои ќе прикажат пад од 30 до  40  проценти  ќе добијат 14.500 денари поддршка, тие со пад од 40 до 50 проценти 15.955 денари поддршка, од 50 до 60 проценти 17.410 денари, од 60 до 70 проценти 18.865 денари, од 70 до 80 поддршка намален приход  ќе добијат 20.320 денари, а тие со над 80 посто  намален приход ќе добијат 21.776  денари поддршка за секое работно место.

Прашан за барањето на синдикатите подршката за плати да се исплаќа директно на работниците, а не на работодавачите за да нема злоуотреби како при претходниот пакет мерки, Битиќи повтори дека обврската за исплата на плати е на работодавачот.

– Ако влеземе во систем да им исплаќаме на работниците ги нарушуваме пазарните правила, рече Битиќи, дополнувајќи ќе следуваат санкции доколку компаниите не се придржуваат до законските обврски.

Ако евентуално истите работодавачи кои со претхидниот пакте мерки добија пари од државата, а не им ја исплатија на работниците, побараат поддршка, укажа вицепремиерот, тие нема да добијат се додека не покажат дека ги исплатиле парите на работниците.

Next Post

Слободата е многу интересен бришач на сеќавања, забораваме која беше Јанкулоска

НАЈНОВО

Мечка нападна ловец на печурки, има тешки повреди на лицето и главата

November 10, 2025

Поради блокадата на Владата, над 1.500 летови откажани денеска

November 10, 2025
Скриншот

Туск: НАТО останува темел на безбедноста и покрај тензии со САД

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    ВЛЕН: Непознавањето на албанскиот јазик на Јаневска не треба да води до фрустрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk