Како што се зголемува процентот на популацијата која се стекнува со високо образование во Република Северна Македонија, не сите кои почнуваат и го завршуваат факултетот, а има и значителен број на студенти кои се откажуваат од различни причини пред нивното завршување.
Терминот „способност за вработување“ е широко употребуван во политичките дебати, сепак постојат проблеми при дефинирањето на индикатори кои можат веродостојно да прикажат дали ситуацијата се подобрува или се влошува. Спротивно на тоа, податоците кои ги немаме во целина вообичаено ја отсликуваат ситуацијата на пазарот на труд за дипломираните на високо образовните институции во однос на луѓето со пониско ниво на образовно достигнување.
Друго прашање е тоа што треба да знаеме е кога и како ќе се почне систематизацијата на вработувањата на веќе дипломираните со четврт степен на високо образование, кога и како ќе се даде можност на тие што магистрирале и докторирале. Или овие последните се само за титула и да се покачи процентот на магистри и доктори во државата.
Во Бирото за вработување за секој завршен степен на образование се пријавуваат сите тие што завршиле основно, средно, високо образование, магистри, доктори и др. со цел за невработените да се најде соодветна работа, а за вработените да се распоредат по институции според нивното стекнато ниво.
Има голем број кои завршиле пост-дипломски студии и кои со надеж чекаат да се дојде до нивното покажување на нивните знаења во различни области во институциите на државата. Но, дали еден ден ќе се почне со рангирање за вработување и за унапредување и систематизацијата на истите ќе остане пак да се чека. До кога?!
пишува: М-р Сафит Зеќири





