ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бочварски: Повеќе дозволи и намалување на финансиските трошоци за транспортерите

October 1, 2020 14:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поголем број дозволи за транспортерите и поддршка на дејноста со намалување на трошоците во услови на кризата од ковид пандемијата им вети министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на превозниците кои денеска се собраа на традиционална средба, во организација на транспортната асоцијација Макам-транс.

За 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски обезбедени се 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард.

-На овој начин настојуваме максимално да ги задоволиме потребите на нашите превозници за непречено одвивање на транспортот. Имајќи го позитивното искуство од минатите години, за следната година се фокусиравме на месечните дозволи. Сметаме дека тоа е поповолно за вас кога имате на располагање дозволи во текот на целата година. Уверен сум дека ова е правилниот начин за дистрибуција на транспортните дозволи. Нашата цел како Министерство е повеќе од јасна, а тоа е што во поголем број да обезбедиме покриеност, а од друга страна фер и транспарентен начин на дистрибуција на дозволите, рече Бочварски.

Тој соопшти дека е во тек изработка на нов електронскиот систем за распределба, но оти поради ковид-кризата тој ќе стане оперативен следната година.

Како резултат на соработката со Макам-транс ќе се менува Уредбата што го решава моментот на нераспределени годишни дозволи и таа е во владина процедура.

-И во наредниот период заеднички ќе продолжиме да работиме. Веќе разговаравме да формираме работна група, во која учество ќе земат и заинтересираните асоцијации од областа на превозот на патници и превозот на стока и заеднички ќе пристапиме кон изменување на законската и подзаконската регулатива во овие области, рече Бочварски.

Транспортниот сектор, наведе, е од огромно значење за економијата во земјата, посебно сите увидовме колку е значаен во услови на оваа пандемија и убеден сум дека сите треба заеднички да создаваме услови како да го олесниме вашето работење.

Во рамки на четвртиот сет на економски мерки, како што рече, продолжуваме со поддршката за исплата на плати, која важи и за последниот квартал од годината, односно и за октомври, ноември и декември. На предлог на Министерството за транспорт и врски, пак, ќе се изврши пролонгирање на важноста на лиценците за плус една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле.  Тоа значи дека на околу 7000 транспортери ќе им се продолжи лиценцата за работа дополнително за една година без надомест.

-Оваа мерка е дел од сетот економски мерки што очекуваме да се изгласаат во Собраните за да можеме вам да ви излеземе во пресет и да ги намалиме финаниските трошоци во овие тешки услови, рече Бочварски.

Превозниците од државава на традиционалната средба  разменуваат искуства за состојбите во дејноста и предизвиците со кои се соочуваат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

Човечноста не се мери во изборни резултати

July 18, 2025

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk