ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Централно одбележување на Европските денови на културното наследство

October 1, 2020 08:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до 7 октомври ќе се одржи централното одбележување на Еврпските денови на културното наследство, коишто во нашата земја годинава се фокусирани на темата „Културното наследство и училиштата“.

Во тие рамки, повеќе музеи и други институции што делуваат на полето на културното наследство најавија организирање настани со физичко присуство на посетители, и, се разбира, со почитување на протоколите за социјална дистанца.

Во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија веќе се одржаа две креативни работилници насловени „Детски фасцинации 20“, инспирирани од изложбата „Пејсажни фасцинации 20“ на уметникот Атанас Атанасоски. Музејот Куманово организира посета на локалитетот Камени кукли во с. Куклица и едукативна работилница насловена ”Легенди и преданија во современото живеење“. Во согласност со темата, Музејот Демир Капија ќе ја реалзира креативната работилница „Традиција, сегашност, иднина“, со ученици од локалното основно училиште.

Во Музеј и галерија Кавадарци, утре во 12 часот, ќе биде отворена изложбата „Културното наследство на Кавадаречко“. Најмалиот етнолошки музеј во светот од с. Џепчиште, Тетово, се вклучува во манифестацијата со поставување на изложбата „Верски реликвии и стари дипломи на заборавени занаети“ и со организирање на дебата околу издавањето на книгата „Македонски етнолошки буквар“ на 3 октомври.

На 6 октомври, Музејот на град Неготино ќе ја отвори меѓународната изложба на ликовни дела на Александра Кокотовиќ од Сараево, Босна и Херцеговина. Изложбата насловена „Уметноста како катализатор за социјални промени“ ќе биде поставена на отворен простор, во Лапидариумот пред музејот. Истиот ден, со почеток во 13 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде промовирана илустрираната публикација за деца „Музејска сликовница“.

Next Post

Прв академски час на факултетите, ќе се организира на отворено или онлајн

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk