ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на Заев и Шекеринска со офицери вратени од Авганистан: Вие сте гордост за државата и посакуван партнер во меѓународните мисии

October 1, 2020 16:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска  денеска остварија средба со група офицери, кои се вратија од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

На средбата на која присуствувал и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, премиерот Заев од лично и од име на Владата им се заблагодарил и упатил честитки до офицерите за успешно извршената мисија.
Тој посочил дека припадниците на нашата Армија се гордост за државата и со својата висока професионалност се посакуван партнер во меѓународните мисии.
-Сега сме членка на НАТО. И како рамноправен партнер споделуваме одговорно во придонесот за зачувување на светскиот мир. Вие ја претставувате нашата земја во најдоброто светло што е исклучително важно, нагласи премиерот Заев.
Шекеринска  потенцирала дека нашата држава дава значаен придонес со учеството во меѓународните мисии и досега се испратени над 4.000 војници.
-Ми претставува задоволство  што нашите офицери успешно ја извршиле мисијата. Ова претставува огромно искуство за нашите офицери. Од овие мисии се профилираат нашите најдобри професионалци, изјави Шекеринска.
Штабните офицери, кои се вратија од Мазар е Шариф и беа распоредени во рамките на Командата за обука, советување и асистенција – Север, истакнаа дека нашите војници и офицери се ценет и доверлив партнер во меѓународните мисии.
-На средбата беше изразено задоволство од видно подобрените услови во Армијата, при што беше истакната поддршката на Владата за унапредување на материјалните услови, статусот и достоинството на војниците и старешините. Воедно беше нагласено дека останува посветеноста за натамошно учество во постојните и нови меѓународни мисии, информираат од Владата.
Република Северна Македонија, својот придонес со штабни офицери во Командата за обука, советување и асистенција – Север го започна пред шест години и учествуваше со 13 шестмесечни ротации.
Учеството на припадниците на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан, продолжува сѐ до нејзиното завршување.
Next Post

Во Иран секои 23 секунди се инфицира по еден човек со Ковид-19

НАЈНОВО

Речиси 50% од глечерот Хекторија се распаднал за два месеца

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk