Американскиот претседател Доналд Трамп има позитивен тест на коронавирус. Има благи симптоми, но вечерва ќе биде однесен во болница, каде ќе остане неколку дена, јавуваат американските медиуми. Според информациите од Белата куќа на кои се повикува Си-Ен-Ен, хеликоптер вечерва слетал во Белата Куќа.
На Трамп му бил даден коктел антитела кој е во фаза на клинички тестирања, но сѐ уште не е официјално одобрен.
Станува збор за експериментален третман со синтетички антитела за ковид-19, изјави докорот на Трамп Шон Конли, додаваќи дека американскиот претседател, иако уморен, е со добро расположение.
„Го проценува тим експерти и заедно ќе им дадеме препораки на претседателот и првата дама во врска со следните најдобри чекори“, кажа Конли.
Трамп има 74 години, висок притисок и влегува во групата на дебели луѓе, што го става во критичната група.
Позитивна е и неговата сопруга Меланија која исто така има благи симптоми.
Неговиот противкандидат Џо Бајден, со кого беа на ТВ дебата, е негативен на вирусот и ќе ја продолжи својата кампања во Мичиген.