Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во болница поради коронавирусот, напиша на Твитер, дека е добро и му се заблагодари на медицинскиот персонал.
Doctors, Nurses and ALL at the GREAT Walter Reed Medical Center, and others from likewise incredible institutions who have joined them, are AMAZING!!!Tremendous progress has been made over the last 6 months in fighting this PLAGUE. With their help, I am feeling well!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 3, 2020
Си Ен Ен велат дека Следните 48 часа се клучни за Трамп.
„Виталните функции на претседателот во последните 24 часа се загрижувачки и дека следните 48 часа ќе бидат клучни“. Трамп сè уште не е на патот кон целосно закрепнување, изјави изворот кој побарал да остане неименуван, пренесува Си Ен Ен.
Претходно, медицинскиот тим на Трамп соопшти дека тој е добро, дека не е на кислород и дека немал температура последните 24 часа.
Ќерката на Доналд и Меланија Трамп, Иванка, на Твитер постираше видео пред заминувањето на Трамп во Болница со пораката: „Ти си воин и ќе го победиш ова, Те сакам тато“ напиша Иванка
You are a warrior and will beat this.
I love you dad. ❤️ https://t.co/Y7feCvr2lW
— Ivanka Trump (@IvankaTrump) October 2, 2020
Гардијан гледаат нешто сомнително и прашуваат: Лапсус или нешто кријат лекарите на Трамп.
Лекарите на американскиот претседател Доналд Трамп изјавија дека поминале 72 часа од дијагностицирањето на Ковид, односно дека тоа се случило во средата, што не одговара со она што досега е познато или објавено, пишува Гардијан.
„Само 72 часа по дијагностицирањето сега, првата недела од Ковид, особено седум до 10 дена, е најкритична во утврдувањето на веројатниот тек на болеста, изјави на прес-конференција лекарот на Трамп, Шон Конли.
Би Би Си потсетува дека Трамп потврди дека е позитивен на коронавирусот рано во петокот (по локално време), пред околу 36 часа.
Гардијан потсетува и дека беше објавено дека Трамп бил заразен со вирусот ноќта помеѓу четврток и петок. Ова значи дека Трамп наводно отишол во Минесота и Њу Џерси, знаејќи дека има Ковид- 19.
Значи, или д-р Шон Конли погрешил со дијагнозата, или на Трамп не му било кажано дека има Ковид 19 или едноставно не ја кажува вистината, проценува британскиот весник.
Сепак, Конли рече дека Трамп бил тестиран во четвртокот, а не во средата.
– Во четвртокот попладне, по веста за близок контакт, тој беше повторно тестиран и со оглед на клиничките индикации, а потоа доцна истата ноќ добивме ПЦР потврда дека е навистина заразен, рече Конли.
Можеби Конли мислел дека Трамп е тестиран во средата и повторно во четвртокот.
Но, таа порака е нејасна и хаотична, додава Гардијан.
Ј. Ѓ.