Пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов, објави дека од својата плата ќе издвои средства за набавка на три лаптоп компјутери, за семејства кои тоа не можат да си го дозволат.
– Лично ќе одвојам дел од мојата плата за набавка на 3 лап топ комплутери за семејства кои не можат тоа да си го дозволат, објавува Костадинов.
„Гледам Наум од ВМРО-ДПМНЕ ме прозвал на фб за фотографијата што сум ја објавил вчера.
Ја разбирам фрустрираноста на човек кој нема пријатели, нема со кого да сподели моменти, да прошета, да го помине слободното време…
Имено, не можам да ставам во анкетен лист нешто што не е мое.
А кога сме кај справувањето со Ковид19, знае јавноста, срамота е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за тоа.
Како и да е, ова е убава прилика да соопштам дека како и до сега, ќе давам се од себе и ќе помагам на луѓето на кои помошта во овој тежок период им е најпотребна.
Лично ќе одвојам дел од мојата плата за набавка на 3 лап топ комплутери за семејства кои не можат тоа да си го дозволат.
Го повикувам и Наум, но и сите функционери во Северна Македонија, да се издигнеме над дневно партиските интереси и да помогнеме таму каде што е тоа најпотребно.
Време е за солидарност, време е да бидеме луѓе, наместо да се делиме на партии, етникуми, по вера, по боја…“, напиша на ФБ Костадинов.
Ј. Ѓ.





