ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбележан Денот на наставниците – првпат во услови на пандемија

October 5, 2020 12:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со поставување инсталација на училишни ранци во форма на срце за да им се оддаде признание и благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата во исполнување на нивните потенцијали, денеска во Скопје беше одбележан Светскиот ден на наставникот.

На настанот, што е дел од кампањата дел од кампањата „Учиме од вас. Ви благодариме!“, што Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ ќе ја спроведуваат во текот на учебната 2020/2021 година, се обратија премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за образование Арафат Шабани и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција ди Џовани.

Премиерот Заев посочи дека искрено се придружува на пораките што учениците од целата земја ги креираа и ги испраќаа до нивните наставници преку инсталацијата на училишни ранци во форма на срце, како и на пораките на благодарност од учениците до наставниците за нивната искреност и посветеност, страст и креативност да им ги пренесат на учениците знаењата и вештините, како и за советите и примерите во изградбата на генерации ученици.

-Оваа школска година е различна од сите претходни. Заради пандемијата од Ковид-19, оваа година образовниот процес во училиштата ќе се спроведува заедно со мерките за заштита на здравјето на децата и на наставниците. Поголем дел од наставните програми, за повеќе генерации ќе се организираат он лајн. Министерството за образование и наука и сите одговорни во Владата се во секојдневен контакт со наставниците, директорите, учениците, родителите, со цел заедно да ја направиме новата образовна Интернет платформа попријателска, да ги вклучи сите деца со еднаков пристап, рече Заев.

Според него, она што дава надеж е огромната посветеност на наставниците, нивните заложби, ентузијазам, чувството на општествена одговорност и покажаниот интерес за учество во обуките со желба да им обезбедат на своите ученици образование какво што заслужуваат.

-Да направат се што треба да им го надоместат на учениците присуството и дружбата во училниците. За таа своја посветеност тие навистина ја заслужуваат нашата целосна почит. Во оваа ситуација, сите мора да бидеме солидарни и да покажеме разбирање во целиот овој процес. Важно е сите да се придржуваме до мерките за заштита за полесно да ја поминеме оваа училишна година и да се погрижиме таа да биде единствена и последна ваква, рече Заев.

Министерката Царовска истакна дека денес можеби и историски ден, затоа што за првпат се одбележува Денот на наставниците во услови на пандемија.

-Да се биде наставник денес значи да се биде дел од глобалните промени што ги донесе актуелната состојба. Да се биде наставник во денешни услови значи не само да се биде партнер во училницата, туку и поддршка, мотивација, лидерство, иновација и креација на нови начини на работа во училиштето, рече Царовска

Истакна дека како никогаш досега на овој 5 Октомври станавме свесни за важноста на наставниците и нивната работа, за нивното секојдневно вложување во услови на криза, и посебно за нивната несебична помош не само на децата, туку и на семејствата, на родителите.

-Тие покажаа исклучителна општествена одговорност, посветеност и храброст, да се соочат со реалноста и индивидуално и колективно да изнаоѓаат решенија за проблемите што стојат пред нив, оцени Царовска.

Замени-министерот Шабани истакна дека како Министерство ќе излезат во пресрет и поддршка за сите наставници и ученици за целиот образовен процес и предизвици, посебно во периодот на Ковид-19.

Патриција ди Џовани, претставничката на УНИЦЕФ во земјава, истакна дека низ целиот свет УНИЦЕФ ранците се користат како симбол за надеж, за оптимизам и за се што подразбира образовниот систем и што тој го дава.

-И денеска во Скопје го направивме ова големо срце на љубов да им оддадеме почит на наставниците за сите аспирации што ги прават за нашите деца и за нивната иднина, рече Ди Џовани.

Според неа, земјава дури и пред Ковид кризата се соочуваше со тешкотии во образовниот систем, при што, потсети, над половина од учениците не можеа да ги исполнат потенцијалите за основни познавања за математика и писменост.

-Меѓутоа, за таквата состојба се виновни повеќе фактори, како што се дигиталите алатактки, односот број наставник-ученик, наставните програми… Постојат многу фактори што влијаат врз образовниот процес, а најважниот фактор што според мене што е пресуден на успехот на учениците се наставниците и нивната мотивација, затоа што само преку мотивирани наставници учениците учат, посочи Ди Џовани.

Оцени дека препознавањето на ефектот што наставниците го имаат врз учениците е навистина важен начин за да се подигне нивото на образованието во земјава.

Инсталацијата со училишни ранци ќе биде поставена на градскиот плоштад во Скопје три дена, овозможувајќи им на посетителите да се вклучат со свои пораки за наставниците.
Next Post

Реакција од Комисијата за заразни болести на соопштението од НУК - Зачудени сме од нападите и квалификациите

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk