Новак Ѓоковиќ по победата над Карен Хачанов (6: 4, 6: 3, 6: 3) и пласманот во 14-то финале на „Ролан Гарос“ вели дека не му било пријатно кога со топка го удрил линискиот судија.
No default this time. #djokovic #rg20 pic.twitter.com/iECrCdo3FS
— tennis gifs ?? (@tennis_gifs) October 5, 2020
Еден од новинарите изјави дека на почетокот на својата кариера, Новак се трудел повеќе да се вклопи, а дека сега е послободен да го искажува своето мислење како одминува времето.
– Не сум сигурен како вие сте ме перцепирале, но мислам дека промената е единственото нешто што е константно. Секако постои солидно јадро на вредности, но животот постојано носи нови предизвици на кои треба да се прилагодиме. Јас не го одвојувам приватниот и професионалниот живот, не верувам дека е можно да кажам дека сте една личност на теренот, а другата надвор од неа. За мене, теренот е местото каде што можам најмногу да растам како личност и како карактер, започна Ѓоковиќ.
Во текот на првиот сет, Новак ненамерно го удри линискиот судија со топка во лице за време на играта.
– Боже, беше многу чуден дежа ву … Се обидувам да најдам линиски судија и да видам дали е во ред, видов дека има мала модринка на тоа место. Се однесуваше силно и храбро, но беше удрен, јас бев многу. Поради сè што се случи во Њујорк, ќе се направи приказна за тоа, но тоа ми се има случено и претходно, како и на другите играчи. Чудна ситуација, изјави Србинот по мечот.
Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе игра со подобриот играч од дуелот Карењо Буста – Алтмаер./МИА/