Гитаристот на легендарната музичка рок група Ван Хејлен, Еди, ја загуби долгата битката со ракот и почина на 65 години. Веста за смртта ја потврди неговиот син, басистот на бендот, Волфганг.
— Wolf Van Halen (@WolfVanHalen) October 6, 2020
Тој напиша: Не можам да поверувам дека го пишувам ова, но татко ми Едвард Лодевијик Ван Хејлен (Хален) утрово ја загуби долгата битка со ракот. Беше најдобриот татко кој можев да го посакам. Подарок е секој момент што го минав со него на сцената и надвор од неа. Срцето ми е скршено и мислам дека никогаш нема целосно да се опоравам од оваа загуба. Те сакам многу, Тато!
Едвард Ван Хејлен е роден во Холандија а пораснал во Пасадина, Калифорнија. Заедно со брат му, тапанарот Алекс ја основаа групата Ван Хејлен на која им се придружи пејачот Дејвид Ли Рот и басистот Мајкл Ентони во првата постава на групата.
Групата е формирана во 1972 година, а името го добива две години подоцна.
Минатата година беше објавено дека Еди се бори со рак на грлото повеќе од пет години.