ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовска: После 15 години Колективниот договор во културата, стана реалност

October 7, 2020 13:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Колективниот во културата е 100% на сила, сакам да кажам нешто.

Неколку колеги од различни дејности жртвуваа здравје, работа и слободно време за да се воспостави ред онаму каде што се случувало најголемото силување на културата, злоупотреби и прекршување на закони од минати, сегашни, секакви лукративни суштества што нередот го користеле за да зграбат само за себе. Без никаква парична надомест, а со силна волја и посветеност, тие колеги три години работеа на создавање на Колективен договор и решавање на напластените децениски проблеми.

Ви посакувам на сите барем еднаш во животот да се оттргнете од својата комоција и без да имате никаква лична финансиска придобивка, да ставите не рака, туку цело тело во оган во име на повисоки вредности и принципи. Знам дека нема, полесно е да се седи на страна и да се суди, наместо да се преземе одговорност, ама среќа постојат мазохисти што ќе седнат да сработат. Мојата наклонетост е секогаш кон решенијата и сум неизмерно благодарна за сите што гореа во име на цела заедница, а најмалку за себе. Фала ви на несебичноста, емпатијата и солидарноста, колеги!

Благодарност до СОНК за убавата соработка, до Министерство за култура и до Владата која покажа слух и се заложи, после 15 години, Колективниот да стане реалност.

Колективниот договор според затекнатата хаотична состојба на распределба на плати, законските ограничувања и методологијата според која е работен е извлечено максимум, на што сме особено горди. Со над 3.600 вработени и 330 различни работни места, културата е најкомплексната гранка за уредување.

– За првпат во државата има Колективен договор што е врзан за минималната плата, чие растење ќе предизвика спирално покачување на платите кај сите вработени.

– За првпат вработените од заштитата (музеите, заводите, библиотеките, ахреолошките локалитети и конзерваторските центри) кои подлежат на кривична одговорност со својата работа за разлика од другите носители на дејност, се вреднувани соодветно на своето образование и стручност и ќе примаат подостоинствени плати од претходно. (Покачување до 80% во споредба со платите до 2019 кога Доктор на науки од заштитата земаше потпросечна плата). Ваквиот третман на плати, претставува мотивација за идни кадри кои ќе се определат да работат до делот на грижа и заштита на нашето културно наследство како најзначаен идентитет во една држава.

– Во културата ја задрживме администрацијата со највисоки примања од цел административен сектор во државата (до 10% повисоки плати) иако ставот на Министерство за култура беше дека треба да се изедначат со останатите административци, што ќе значеше намалување и на моменталните плати на вработените. Дополнително што во културните институции се правело злоупотреби и се назначувале раководители на сектори без сектори и одделенија под себе, раководители сами на себе или на еден, двајца вработени, што е против уредувањето во административната хиерархија, а исто така зборува и за етиката и моралните одличија на тие вработените кои ја злоупотребија и нивелацијата минатата година и им се додели непостоечки коефициент, спротивно на одлуката за спроведување што ја одобри владата.

– Се враќаат службените дневници, што ни беа ускратени со антикризните мерки од 2009 кои и по завршувањето на кризата, во културата продолжија да важат. Воведовме надоместоци за одвоен живот, теренски додаток, платено отсуство заради докторат и сл.

– Со колективниот договор се унапредуваат правата на 97% од вработените во културата во одност на плати.

– Оштетени се 3%. Оваа бројка произлезе од спроведувањето, не од создавањето, а најголем број се предизвикани од погрешно систематизираните работни места во самите институции. Во изминатите месеци на Министерство за култура понудивме решенија за овој проблем, но беа отфрлени. На првиот состанок со новата министерката се договоривме, а веќе е и започната со работа работна група создадена од претставници на синдикати, експерти по работен однос, од МТСП и МИОА со цел да се најде правно решение за сите недостатоци што произлегоа. Верувам дека и ова набрзо ќе се реши.

Колективен договор после 15 години е најголем чекор за вработените од културата! Во цела култура! Неселективно и неизолирано! Честито колеги! Успеавме!

Фејсбук пост од САЊА АРСОВСКА, актерка и Претседателка на синдикатот на културните работници

 

Next Post

Полска го казни Гаспром со 7,6 милијарди долари поради Северен тек 2

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk