ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изгубени во преводот

October 7, 2020 11:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Чекав вчера до доцна вечерта да видам дали опозицијата ќе го поздрави фактот што Европската комисија, за прв пат, обезбеди официјален превод на македонски јазик при промоцијата на извештаите за интегративниот напредок на земјите од Западен Балкан за зачленување во ЕУ…

Чекав, чекав, се изначекав… Ништо. Ај, си велам, можеби не сакаат со жив настап да ја одбележат оваа важна случка, па побарав на официјалниот сајт на ВМРО-ДПМНЕ да не постирале некакво обраќање… Ништо. Ај, си велам, знаеш какви се спори и здодевни кај нас партиските веб-сајтови – овој на опозицијава е како јавна огласна табла на КПД „Идризово“, само компулсивно-опсесивно: мафија, мафија, мафија – можеби на некоја Фејсбук адреса ќе најдам реакција од водечките опозициски функционери… Ништо. Ај, си велам, можеби Мицко нешто твитнал… Ништо. Ај, си велам… престани да се глупираш. Ниту реагирале, ниту ќе реагираат.

Зошто нашата опозиција се срами, или можеби не сака, да ги поздрави меѓународните успеси на Македонија? Што им пречи, покрај десетте жестоки, невротични плукања дневно по власта – дури и да не се, барем половината, лиферување лажни вести и измислици – да се обратат со охрабрување до нацијата, нешто да честитаат кога е, објективно, за поздравување? Та, нели сечат вени кога секаква шуша (меѓу другите) од Бугарија ни го негира националното постоење, особено јазикот? Зошто што рекол некој од Пловдив или од Велико Трново, на пример, им е поважно од тоа што го направила најголемата меѓународна организација во Европа од официјалната говорница во Брисел?!

Можеби одговорот на овие прашања лежи во содржината на Извештајот на Европската комисија. Од една страна, Европската комисија објективно ги оценува напредоците на сегашната власт во процесот на интегрирање во ЕУ, со охрабрувања да се забрзаат реформите кои даваат добри резултати. Од друга страна, во поглавјето за правни реформи, зборот „конфискација“ се спомнува петнаесетина пати (!) кога се говори за идните правни задачи за судските власти во Скопје. Сега тоа ни се соопштува и, официјално, на македонски јазик од говорницата во Брисел.

Тоа европско барање од сегашново ВМРО се квалификува како „политички реваншизам“ спроведуван од страна на овдешната судска власт. Како и европското ИНСИСТИРАЊЕ во Извештајот да продолжат сите судења покренати по обвиненијата на СЈО.

Ќе биде интересно да се види дали Мицкоски официјално ќе протестира заради ваквите ставови на Европската комисија кога денеска билатерално ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Бидејќи на таа тема ИК на ВМРО се заканува, во знак на протест, колективно да се фрли од дивоградбана од партиска тераса на Белата палата. (Треба да се размисли за висината на таа тераса, некако нискичка…)

Елем, џукелите лаат, европскиот карван си врви. Крачка по крачка, што би рекле нашите драги источни соседи. Сега и во превод на македонски.

 


Сите права се задржани. 

Next Post

Повик за ангажман на 40 тутори за поддршка на ученици со попреченост

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk