Премиерот Зоран Заев најави даночни олеснувања за малите фирми со укинување на дел од давачките кои биле товар до сега. Тој исто така најави и законски измени за прилагодување со Европската Унија, по препорака на Европската Комисија, а што беше нотирано во најновиот извештај.
„Првата работа, парафискалните давачки, до 50% се во четвртиот пакет и тоа во текот на првиот месец од работата на владата. Директно влегуваме во законски измени. Тука се тие давачки што го обременуваат целото стопанство. Секое мало дуканче, фирмиче, мора да плати 100 евра за проверка на фискалната каса, расипана – не расипана, тие мора да платат секако. Вториот дел е во царинските тарифи и нивното усогласување. Во Владата се усвојува одлуката за автономните мерки кои ги носиме, до крајот на годината да може со закон да се реши, конечно да бидат целосно усогласени со Европската Унија, тоа што ни е замерка. Ние ги усогласуваме со автономните мерки и за време на техничката влада и со закон беше забрането да се носат тие мерки“ – рече Заев во вечерашното гостување во Алсат-М.